Црна хроника
Дваесет и петгодишно момче најдено на земја облеано во крв
Утрово околу 6:30 часот во СВР Тетово било пријавено дека во месноста Бањич“ имало паднато машко лице облеано во крв.
По преземени мерки, лицето е идентификувано и се работи за С.М.(25) од Тетово.
Поради сериозноста на повредите, тој бил префрлен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид извршила екипа од СВР Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Инцидент во болница во Ѓорче Петров: Пациент физички нападнал вработена
Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, Д.Ѓ.(56) од Скопје пријави дека околу 04:00 часот на работното место во здравствена установа на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице, кое се лекувало во установата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во Скопско: им се заканувал на ќерките, а се обидел да ја нападне сопругата, полицијата го уапси 56-годишникот
Вчера во 20:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 56-годишниот С.К. затоа што упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, а претходно со остар предмет упатувал закани и кон нивните две ќерки и притоа оштетил дел од покуќнината во семејниот дом.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Прегазен пешак во Битола: со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера во 20:18 часот во СВР Битола е пријавено дека на улицата „Новачки пат“ во Битола, патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки, управувано од В.А.(44) од Битола, удрило во пешакот С.П.(62) од Битола.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница Битола.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

