Црна хроника
Двајца албански државјани обвинети за трговија со марихуана во Гостивар

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против две лица, државјани на Албанија, за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Освен ова, едниот обвинет се товари и за напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста според член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Двајцата обвинети соизвршители, на возраст од 21 и 19 години, на почетокот на ноември 2020 година во Албанија набавиле наркотична дрога марихуана и ја внеле во државава со намера да ја препродадат. Дрогата ја сокриле во високиот возен парк на улица „Боге Велјаноски“ во Гостивар. На 6 ноември, овластени полициски службеници ги забележале обвинетите во моментот кога извадиле чанта од местото на кое ја криеле дрогата. Полицајците се обиделе да им извршат личен преглед, но двајцата обвинети пружиле активен отпор и се дале во бегство. При обидот да биде совладан, едниот од обвинетите со тупаница го удрил по лицето инспекторот, нанесувајќи му телесна повреда. Откако бил совладан и му бил извршен претрес, во чантата бил пронајден над еден килограм наркотична дрога – марихуана. Вториот обвинет, пак, следниот ден сам се пријавил во полициска станица во Гостивар.
Ценејќи дека и натаму постојат основите – опасност од бегство, можност за влијание врз сведоците и можност да се повтори делото, надлежниот јавен обвинител за двајцата обвинети предложи да биде продолжена претходно определената мерка притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Две лица завршија во болница по пожар во склад во Скопје

Во утринските часови на 23 февруари, припадници на Противпожарната единица од Скопје во полиција пријавиле пожар во јавен царински склад на улицата Јадранска магистрала, кој бил во сопственост на скопјанецот А. М. (41).
Според пријавата, од огнот била опожарена една комора.
Пожарот бил изгаснат од страна на пожарникарите, а вработените Р. М. (47) и Џ. М. (27), двајцата од Скопје, поради вдишување чад, биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Увид на местото на настанот извршила екипа од скопската полиција.
Црна хроника
Приведен дилер, осуден на три години затвор

Во гостиварското село Чегране, полициски службеници на СВР Тетово го лишија од слобода лицето Ф.А. кое има 19 години, информираат од министерството за внатрешни работи.
Лицето е осудено на тригодишна затворска казна за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, велат од МВР.
Додаваат дека по неговото приведување, реализирано со судска наредба, Ф.А. ќе биде спроведен во затворот во Тетово за издржување на казната.
Црна хроника
Приведен прилепчанец на скопскиот аеродром поради фалсификуван негативен ПЦР-тест

Вчера во 5:30 часот на граничниот премин „Меѓународен аеродром“ – Скопје, на излез од земјава бил приведен А.Р.(57) од Прилеп, со место на живеење во Велика Британија, поради приложен фалсификуван негативен ПЦР-тест, соопштија од МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер