Црна хроника
Двајца возачи и сопатник повредени во сообраќајна несреќа во Тетовско
Вчера во 17,25 часот било пријавено дека на излез од с.Радиовце-Тетово се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фолксваген поло“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.М.(30) од селото Чегране-Гостиварско и „фолксваген голф“ со германски национални ознаки, управуван од А.Ш.(21) од с.Теново-Тетовско.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатникот Н.С.(37) од с.Чегране од возилото „поло“ по што биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Тетово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повредена девојка, со мопед излетала од патот кон манастирот „Св.Јоаким Осоговски“
Вчера во 18.00 часот во Полициската станица Крива Паланка било пријавено дека на локалниот пат кон манастирот „Св.Јоаким Осоговски“, К.Д.(21) од Крива Паланка, управувајќи мопед со кривопаланечки регистарски ознаки, изгубила контрола и излетала надвор од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.Д., констатирани во Градската општа болница Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Крива Паланка.
Црна хроника
Претрес во Куманово, приведен дилер, пронајдена дрога
Вчера во 20.45 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 41-годишниот Б.И. од Куманово, извести МВР.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела и кафеава прашкаста материја и дигитална вага. Б.И. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава, соопшти МВР.
Црна хроника
Претрес во Гевгелија, пронајдена дрога
Вчера во 13.40 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишиле од слобода И.Г.(44) од Гевгелија.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени стебла канабис, предмети исполнети со зелена растителна материја и употребени шприцеви со игли со остатоци од непозната материја.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случајот против И.Г. ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.