Црна хроника
Двајца загинати во сообраќајна незгода на патот Градско-Прилеп

На магистралниот пат Градско-Прилеп, автомобил „опел астра“, управуван од 37-годишниот О.И. од Прилеп, изгубил контрола, удрил во заштитна ограда од мост и излетал од патот во бездна.
Притоа возачот О.И. и сопатникот Р.М. (56) од Прилеп починале на местото на настанот. Смрт била констатирана од екипа на итната медицинска помош.
Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа од Полициската станица Прилеп. За време на увидот, од 00.30 до 5 часот, сообраќајот се одвивал со наизменично пропуштање на возилата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
„Ауди” удри во 11-годишно девојче во Велес

„Ауди” удри во 11-годишно девојче во Велес. Како што информира полицијата, несреќата се случила вчера околу 13:50 часот на улица Алексо Демниевски во Велес.
Патничко возило „ауди“ со велешки регистарски ознаки, управувано од К.К.(33) од Велес, удрило во 11-годишно девојче од Велес. Девојчето се здобило со тешки телесни повреди и е пренесено во општата болница во Велес. Увид на местото извршила екипа од СВР Велес.
Црна хроника
Викендов во Скопје деветмина повредени во 21 сообраќајна несреќа

Во текот на изминатите денови на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 21 сообраќајна несреќа од кои од три сообраќајни незгоди со тешки телесни повреди, четири сообраќајни незгоди со телесни повреди и 14 со материјална штета.
Во сообраќајните незгоди три лица се здобиле со тешки телесни повреди и шест лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 178 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 94 возачи од кои: 46 возачи затоа што управувале возило под дејство на алкохол, 35 управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и 13 возачи затоа што биле возачи почетници.
Исто така, исклучени од сообраќај се и 43 возила бидејќи 40 биле нерегистрирани и три возила биле технички неисправни. Санкционирани се 13 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, девет возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, 11 поради неправилно престројување, четворица поради неправилно престигнување, еден возач поради недавање првенство на минување во зона на крстосница, осум поради непоседување пропишана зимска опрема, 18 поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 28 возачи поради користење мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкционирани се тројца пешаци поради поминување коловоз надвор од пешачки премин и тројца пешаци поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатите денови издадени се 264 мандатни платни налози и 175 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.
Црна хроника
Казнети триесетина пијани возачи во Битола

Полициски службеници во Секторот за внатрешни работи Битола минатиот викенд извршиле контрола за зимска опрема, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, товарни возила, безбедносен ремен, светло и алкохол на 1.424 возачи и возила.
При контролата, кај 31 возач откриено е присуство на алкохол и тие биле исклучени од сообраќај. Исто така, 36 возачи го управувале возилото со поголема максимална брзина од дозволената, 40 возачи управувале без возачка дозвола или со измината важност. Кај пет возила е утврдена техничка неисправност, а на 23 возила утврдено е дека се нерегистрирани. При контролата, 10 возачи биле писмено опоменати, а на 145 возачи изготвени им се мандатни платни налози и ќе се соочат со соодветни глоби, а исто така, изготвени се и 90 прекршочни налози. Изминатиот викенд биле откриени и други 78 видови останати прекршоци.
- Истражувања3 месеци
(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ
- Истражувања2 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија1 недела
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал