Црна хроника
Двајца скопјани обвинети за разбојништво во финансиско друштво
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против две лица кои се товарат дека како соизвршители сториле кривично дело разбојништво.
„На 27.11.2020 година обвинетите дошле пред просториите на финансиско друштво на улица Васил Главинов. Едниот обвинет, на возраст од 31 година, чувал стража пред вратата на објектот. За тоа време другиот обвинет, 63-годишен скопјанец, влегол внатре, на двајцата вработени им се заканил со пластичен пиштол, па од сефот и фиоките на финансиското друштво одзел 303.606 денари. Двајцата обвинети потоа избегале во правец кон Камениот мост, но овластени службени лица ги пресретнале и ги лишиле од слобода, а парите им ги одзеле“, се наведува во соопштението.
Ценејќи дека и натаму постои опасност од бегство, можност обвинетите да влијаат врз сведоците/оштетените или да го повторат делото, надлежниот јавен обвинител достави до Основниот кривичен суд Скопје посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

