Контакт

Топ

Две лица загинаа во сообраќајна несреќа на патот Демир Капија – Неготино

Објавено пред

Две лица загинаа во сообраќајна несреќа што се случи вчера на регионалниот пат Демир Капија – Неготино, во близина на клучката кај  с. Тремник.

Несреќата се случила помеѓу автомобил „хјундаи“, управуван од Е. К. (40) од с. Тремник, Неготинско, и автомобил „фолксваген голф“, управуван од М. Н. (51) од Неготино.

Притоа, Е. К. починал на местото на настанот, а М. Н. починал на патот кон болница. Основен јавен обвинител и екипа од Полициската станица Неготино извршиле увид на местото на настанот.

Македонија

Од утре Грција ги отвора границите за Македонците

Објавено пред

Од утре се отвора граничниот премин Евзони за сите граѓани на Северна Македонија, објави премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук.

Имавме одлична работна средба со премиерот на Грција Мицотакис. Ме извести дека почнувајќи од утре, 14 мај 2021, се…

Posted by Zoran Zaev on Thursday, 13 May 2021

Тој наведува дека сите граѓани кои имаат негативен ПЦР тест, писмен доказ за примени две дози вакцина против Ковид-19 или позитивен резултат за антитела, од утре ќе можат да одат во Грција.

Прикажи повеќе...

Свет

Израелски трупи на границата со Газа, се планира копнена инвазија

Објавено пред

Продолжија судирите меѓу израелските и палестинските сили. Ракети летаат од двете страни. Израелската армија објави дека војниците нема да имаат слободен викенд поради можност за копнени операции во областа на појасот Газа, бидејќи конфликтите таму се интензивираат, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Војската повика 7.000 резервисти. Портпаролот на армијата Хидаи Зилберман изјави дека половина од нив се од противвоздушна одбрана, артилерија и медицински единици, а другата половина се на административни и разузнавачки позиции.

Покрај „Бритиш ервејс“, летовите кон Тел Авив ги откажаа и „Вирџин Атлантик“, „Луфтханза“ и „Иберија“ и со тоа им се придружија на американските авиокомпании кои претходно ги откажаа летовите кон Израел.

Организацијата Хамас објави дека истрелале ракети кон израелскиот аеродром „Рамон“, во близина на Црвеното Море.

Израелските власти пак соопштија дека ниедна ракета не го погодила аеродромот Рамон, кој работи нормално.

По ракетирањето на Тел Авив, сите пристигнувања на аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив беа пренасочени кон аеродромот „Рамон“ на југот на земјата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Регистрирани 123 нови случаи на Ковид-19, починати се 17 лица

Објавено пред

Во последните 24 часа се направени 2.598 тестирања, а регистрирани се 123 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 64, Битола – 9, Куманово – 7, Охрид – 5, Прилеп, Велес, Гостивар и Струмица – по 4, Тетово – 3, Штип, Струга, Кочани, Демир Хисар и Кратово – по 2, Кичево, Гевгелија, Неготино, Свети Николе, Крива Паланка, Радовиш, Делчево, Виница и Македонска Каменица – по 1 лице, информираат од министерството за здравство.
Регистрирани се 3803 оздравени пациенти од: Скопје – 2109, Куманово – 252, Битола – 180,Тетово – 178, Велес – 165, Гостивар – 126, Гевгелија – 88, Кавадраци – 82, Ресен – 80, Неготино – 73,Штип – 67, Охрид – 59, Кичево – 52, Прилеп – 46, Крушево – 35, Кочани – 30, Свети Николе – 24, Радовиш и Делчево – по 22, Струмица – 18, Демир Хисар – 17, Виница – 16, Струга – 14, Богданци – 13, Демир Капија – 9, Крива Паланка – 8, Дебар – 6, Берово и Пехчево – по 3, Пробиштип, Валандово и Македонска – по 2 лица.
Од вкупниот број на оздравени, 3564 се пријавени како позитивни во периодот 01.01-31.03.2021. Се работи за лица кои не се пријавени досега како оздравени до ИЈЗ, а кај кои се поминати 20 дена од позитивен резултат. Овие лица за време на болеста биле хоспитализирани или немале матичен лекар или се странски државјани па затоа не излегол предлог за оздравување во епидемиолошките служби на ЦЈЗ/ПЕ, посочуваат од здравство.
Пријавени се вкупно 17 починати лица: 3 лица се од Куманово (53г, 61г и 82г), по 2 починати лица од Скопје (75г и 78г), Тетово (68г и 85г), Битола (62г и 94г) и Кочани (54г и 71г) и по едно починато лице од Прилеп (68г), Гостивар (72г), Охрид (78г), Струмица (77г), Радовиш (73г) и Виница (61г). Од пријавените 14 се починати во болнички, а 3 во домашни услови.
Направени се 2.598 тестови преку: ИЈЗ-378, ЦЈЗ Скопје-50, ЦЈЗ Битола-52, ЦЈЗ Прилеп-11, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-10, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–3, ГОБ 8-ми Септември-4, Институт за микробиологија–155, МАНУ-107, Жан Митрев-107, Авицена-175, Биотек-430, Систина-160, Лаор-234, Синлаб-111, Ремедика-99, Плодност–26, Генеа–14, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 472.
Досега во земјата се направени вкупно 748.069 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.494, бројката на оздравени пациенти е 143.069, на починати е 5.168, а бројот на активни случаи изнесува 6.257.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 68165, активни 2650
Куманово 8759, активни 547
Прилеп 8255, активни 307
Тетово 7183, активни 244
Битола 6257, активни 446
Велес 5458, активни 185
Гостивар 5154, активни 136
Кавадарци 5141, активни 103
Охрид 4974, активни 290
Штип 4951, активни 146
Струмица 4092, активни 146
Струга 2969, активни 106
Кочани 2768, активни 95
Кичево 2526, активни 159
Гевгелија 2189, активни 67
Неготино 2177, активни 52
Свети Николе 1517, активни 68
Ресен 1233, активни 100
Крива Паланка 1217, активни 23
Радовиш 1129, активни 64
Берово 1026, активни 16
Делчево 964, активни 46
Дебар 938, активни 10
Виница 870, активни 95
Пробиштип 785, активни 17
Валандово 664, активни 12
Богданци 493, активни 18
Крушево 488, активни 34
Демир Хисар 396, активни 37
Демир Капија 396, активни 5
Кратово 363, активни 11
Македонски Брод 356, активни 1
Пехчево 266, активни 4
Македонска Каменица 243, активни 17
Дојран 132, активни 0
Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Од утре Грција ги отвора границите за Македонците

Од утре се отвора граничниот премин Евзони за сите граѓани на Северна Македонија, објави премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук....

Свет8 часа

Израелски трупи на границата со Газа, се планира копнена инвазија

Продолжија судирите меѓу израелските и палестинските сили. Ракети летаат од двете страни. Израелската армија објави дека војниците нема да имаат...

Македонија11 час

Регистрирани 123 нови случаи на Ковид-19, починати се 17 лица

Во последните 24 часа се направени 2.598 тестирања, а регистрирани се 123 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 64,...

Македонија12 часа

Варвициотис: Не поддржуваме раздвојување на Северна Македонија и Албанија на патот кон ЕУ

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров утрово во Атина го започна своето учество на 6-от Економски...

Македонија14 часа

Пендаровски: Во регионот сè уште има премногу историја што не држи на задните седишта во Европа

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на виртуелната конференција „Пред иднината – Подготовки за НАТО 2030“ во организација на Атлантскиот...

Свет15 часа

Нова опасност во Индија, смртоносната „Црна Габа“ се појави кај заразените со коронавирус

Се поголем број пациенти во Индија кои се наоѓаат во тешка здравствена состојба поради коронавирусот, добиваат ретка инфекција, т.н. „Црна...

Македонија16 часа

Муслиманите го слават Рамазан Бајрам

Муслиманите во земјава, како и во целиот свет, денеска го слават Рамазан Бајрам. По едномесечниот пост, во кој верниците се...

Македонија16 часа

Од полноќ стапува на сила скратен полициски час

Од полноќ стапува на сила скратениот полициски час кој ќе трае до 4 часот наутро. Олабавување на рестриктивните мерки ќе...

Свет16 часа

(Видео) Состојбата на Блискиот Исток се разгорува, Израел ја разгледува можноста за копнен напад на Газа

Дури и по полноќ, конфликтот меѓу израелските и палестинските сили не стивна. Проектили летаа од двете страни со несмален интензитет....

Свет1 ден

Нетанјаху: Ова е само почеток!

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху потврди дека се ликвидирани неколку команданти на Хамас и се закани со досега невиден напад на...

Регион1 ден

Европратеникот Џамбаски до Србија: Омразата кон Бугарите нема да ве однесе во ЕУ

Бугарскиот член на Европскиот парламент од партијата ВМРО БНД, Ангел Џамбаски ја предупреди Србија дека пристапувањето во ЕУ е можно...

Македонија1 ден

Нови 150 заболени и 16 починати од коронавирус во земјава

Во последните 24 часа се направени 2.093 тестирања, а регистрирани се 150 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 62,...

Македонија1 ден

(Видео) Пристигна унгарската донација од 6.000 дози вакцини, ќе бидат наменети за граничната полиција

Министрите за внатрешни и надворешни работи Оливер Спасовски и Бујар Османи денеска на скопскиот аеродром ја пречекаа делегацијата предводена од...

Македонија1 ден

Груевски, Камчев и Мијалков обвинети за „Плацовите на Водно“, се бара продолжување на притворот за Камчев

Обвинителството бара експремиерот Никола Груевски, заедно со неговиот кум Ристо Новачевски, ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, бизнисменот Орце Камчев, неговата...

Македонија1 ден

Хоџа: Погрешни се тезите дека ќе може сѐ и сешто да се легализира

Од Владата оценуваат дека по вчерашното усвојување на законот за утврдување на правниот статус на бесправно изградените објекти во законодавниот...

Свет1 ден

Погребана младата наставничка од Казањ, која со своето тело заштити дете од разулавениот убиец

Роднините, пријателите и учениците денеска ја испратија на вечно почивање Елвира Игнатиева (26), наставничка по англиски јазик, која загина во...

Македонија2 дена

Царовска: Жално е што нашите ученици не се подготвени за предизвиците што ги носи новото време

Министерката за образование, Мила Царовска, смета дека реформите што треба да се спроведат во образованито не се избрзани, туку дури...

Свет2 дена

Израел по бомбардирањето: Тел Авив во урнатини, децата сами на улица

Судирите меѓу израелските и палестинските сили продолжија утрово, а по ескалацијата на насилството и крвавите конфликти, Израел прогласи вонредна состојба...

Македонија2 дена

Македонскиот војник заразен од коронавирус во Африка со посебни протоколи пренесен на Инфективната клиника

Рано утрово во земјата пристигна 55-годишниот македонски потполковник позитивен на коронавирусот и суспектен на јужноафриканскиот сој, објави на социјалните мрежи...

Европа2 дена

Германски виролог: Оние што нема да се вакцинираат неминовно ќе се заразат

Германскиот виролог Кристијан Дрoстен очекува дека населението во Германија ќе добие имунитет против коронавирусот за една и пол година. Тоа,...

Досие