Црна хроника
Две лица загинаа во тешка сообраќајка на „Провомајска“

На скопската улица „Првомајска“ вечерва се случи страотна сообраќајна несреќа, во која животот го загубија две лица.
Според информациите од терен, несреќата се случила во близина на салонот за мебел на „Мебел-Ви“ во правец накај населбата Драчево, а во неа учествувале два автомобила кои претрпеле огромна штета.
Во несреќата загинале две помлади машки лица, кои, според зборовите на очевидци, биле починати и пред да пристигнат екипите на брзата помош.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведен сопственик на угостителски објект во Гостивар, работел по дозволеното време

При контрола на угостителски објект во Гостивар, синоќа во 21.35 часот, било забележано дека објектот работел по дозволеното работно време и во него имало гости.
Објектот од страна на Државен пазарен инспекторат е затворен, а сопственикот М.Н. е приведен. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
Црна хроника
(Видео) 57 санкции за брзо возење со т.н. ноќен радар, 20 за возење под дејство на алкохол

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.03.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 163 мерки, од кои со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови санкционирани се 57 возачи, изречени се 20 санкции за возење под дејство на алкохол, како и 18 мерки за возење без возачка дозвола.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.
Црна хроника
613 санкции за неносење маска

Во текот на изминатото деноноќие (06/07.03.2021) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 613 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа2 недели
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“