Црна хроника
Две тепачки со ножеви во Скопје
Ноќеска околу пет часот во ресторан лоциран на бензиска пумпа на скопскиот булевар „Србија“, поради претходна расправија дошло до конфликтна ситуација, меѓу три лица од Скопје, од една страна и 18-годишниот М.Б. и 17-годишна девојка, од друга страна, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Притоа, М.Б. се јавил на двајца негови познаници, Е.Д. од Кондово и Р.И од Сарај, кои биле во близина и веднаш пристигнале во објектот. Кога сите лица го напуштиле објектот, 18-годишникот, заедно со неговите пријатели нападнале две од трите лица со кои претходно се расправале, при што Р.И. со нож им нанел повреди.
Од МВР велат дека повредените лица биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде им биле констатирани телесни повреди и се задржани на понатамошно лекување.
Инаку, по нападот, напаѓачите со автомобил го напуштиле местото на настанот и направиле сообраќајка со друго возило. Во полициската станица во Аеродром биле приведени Р.И. и Е.Д, а полицијата работи на расчистување на случајот.
Во текот на вчерашниот ден во полициската станица во Центар бил пријавен уште еден сличен инцидент. Триесет и шестгодишен жител на село Сарај, пријавил дека додека се движел заедно со неговиот брат покрај Градскиот стадион, во еден момент му се приближил човек кој бил заедно со две други лица, кој физички го нападнал 36-годишникот, додека пак неговиот брат возвратил на ударите. Во еден момент, едно од лицата извадило пиштол кој го насочил кон пријавителот, кој пак од страв за неговата сигурност извадил нож. Потоа, од страна на еден на напаѓачите било фрлено стаклено шише кое го удрило пријавителот во пределот на градите, по што тој и неговиот брат го напуштиле местото на настанот.
По преземени мерки на полицијата, сите лица инволвирани во настанот се повикани и со нив е разговарано, а за настанот е запознаен и Јавен обвинител. Се преземаат активности за целосно расчистување на случајот, велат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

