Црна хроника
Девојче се удави во Вардар бегајќи од кучиња
Седумнаесетгодишна девојка се удави синоќа во водите на реката Вардар бегајќи од кучиња. Таа околу 19 часот била нападната од глутница кучиња во близина на гостиварската болница. Набрзо потоа граѓани пријавиле во полициска станица Гостивар дека девојчето паднало во реката, по што е организирано пребарување на коритото на Вардар.
Екипи на полицијата, Дирекцијата за заштитата и спасувања и пожарникари трагаа по девојчето и го пребруваа теренот каде што паднало во водите на Вардар во Гостивар.
Синоќа околу 22 часот со помош на жителите на селото Балиндол било извлечено телото на девојчето.Телото го нашле жителите, а било извлечено со помош на полициските екипи.
Се очекува Јавен обвинител да изврши увид на местото на несреќата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетни девојчиња нападнале врсничка во Чаир, додека ја удирале уште едно девојче снимало со телефон
Во Скопје е пријавен нов инцидент на малолетничко насилство, овојпат на подрачјето на Чаир, меѓу девојчиња.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, 28-годишна жена од Скопје пријавила дека нејзината малолетна ќерка била физички нападната од две врснички, кои ги познавала. Настанот се случил вчера, околу пладне.
Трето малолетно девојче, кое било присутно, со мобилен телефон го снимало целиот напад.
Полицијата информира дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Фото: Илустрација
Црна хроника
Скопјанка нападната од поранешниот партнер во Кисела Вода
Триесет и двегодишна жена од Скопје пријавија во полицијата дека околу 06:30 часот во нејзиниот дом на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер М.Т.(31) од Скопје.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.
Црна хроника
Изгоре камп приколка на нива во Долно Лисиче, нема повредени
Во саботата попладне, околу 17:20 часот, во нива во атарот на селото Долно Лисиче, скопско, избувнал пожар во камп приколка во која престојувал 68-годишниот В.Н..
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во пожарот нема повредени лица, а огнот бил брзо изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.
На местото на настанот бил извршен увид од екипа на СВР Скопје. Причините за пожарот се утврдуваат.
Фото: илустрација

