Топ
Дел од човечки труп пронајден во ливада во Кривопаланечко

Дел од човечки труп и облека биле пронајдени во ливада во атарот на селото Конопница, Кривопаланечко.
Увид извршила екипа од ОВР Крива Паланка, а по наредба на Јавен обвинител ќе биде извршена обдукција, велат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Нуров со злато за Македонија на Медитеранските игри!

Магомедгаџи Нуров го освои златниот медал во борење во категоријата до 97 килограми на Медитеранските игри во Оран, Алжир, откако во одлична борба го совлада најдобриот турски борач, Фејзула Актурк.
29-годишниот Нуров со овој успех го одбрани златниот медал од Медитеранские игри во 2018 во Тарагона, Шпанија, а во 2019 година беше и бронзен на Светското првенство во Казахстан.
Владимир Егоров, кој оваа година ја освои и европската титула во категоријата до 65 килограми, овојпат се задоволи со бронзениот медал, откако во борбата за третото место го совлада Алжирецот Абделхак Хербаче.
Свет
Пристигна првата реакција на Москва за влезот на Шведска и Финска во НАТО

Русија е толку моќна сила што приемот на Шведска и Финска во НАТО пактот не е важен во глобална стратешка смисла.
Ова за РИА Новости го изјави Андреј Климов, шеф на комисијата на Советот на Федерацијата за заштита на државниот суверенитет.
„ Русија е толку моќна воена и политичка сила што овие земји немаат никакво значење во глобална стратешка смисла“, рече Климов.
Тој нагласи дека учеството на северните соседи на Русија во алијансата „нема да ги подобри“ нивните односи со Москва. Во исто време, и Шведска и Финска имаа одредени придобивки од нивната неутралност, а со зајакнувањето на воената инфраструктура на нивната територија „ќе си направат проблеми“, изјави Климов.
Одговарајќи на новинарско прашање за тоа колку брзо Шведска и Финска можат да влезат во НАТО, Климов истакна дека „брзината со која се постигнува таа цел треба да ги загрижува“.
Министрите за надворешни работи на Турција, Шведска и Финска денеска потпишаа меморандум за проширување на НАТО кон овие две земји.
Европа
Ердоган попушти – постигнат договор за членство на Финска и Шведска во НАТО

Турција го поддржа членството на Финска и Шведска во НАТО, соопшти кабинетот на финскиот претседател Саули Нииниште. Во меѓувреме потврда стигна и од НАТО.
Министрите за надворешни работи на Турција, Шведска и Финска, наводно, потпишале меморандум за проширување на НАТО со двете северноевропски земји и за укинување на блокадата на Турција по нивниот пристап.
„ Постигнат е трипартитен договор“, соопшти НАТО, чиј генерален секретар Јенс Столтенберг наскоро треба да открие повеќе детали.
Ваквиот развој на настаните доаѓа непосредно пред самитот на лидерите на НАТО во Мадрид. Како што е познато, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган имаше голема резерва за членството на двете земји, обвинувајќи ги дека се рај за терористите, мислејќи на различните курдски политички актери кои дејствуваат таму. Стокхолм и Хелсинки изразија намера да влезат во НАТО по руската инвазија на Украина.