Црна хроника
Добил отказ, па се заканувал на „Фејсбук“ со бомби на автобусите кои пренесувале вработени во фирмата
Отсекот за компјутерски криминал при СВР Битола поднесе кривична пријава против З.И.(45) од с.Горно Крушје, Ресенско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело загрозување на сигурноста.
На 28.6.2020 пријавениот креирал лажен профил на „Фејсбук“ од кој на официјалниот фејсбук-профил на туристичка агенција од Битола, која е овластен превозник на вработени во фирма во Битола, испратил порака со заканувачка содржина дека на комбињата и автобусите има поставени бомби, кои ќе се активираат кога ќе пристигнат пред фабриката, заедно со вработените во агенцијата.
По неколку минути, истата порака ја поставил на фејсбук-профилот на агенцијата.
Слични пораки со заканувачка содржина, од лажно креирани профили, пријавениот повеќе пати им испраќал и на одговорни лица во фирмата каде што претходно работел, а во знак на револт за добиениот отказ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

