Црна хроника
Дрога и оружје запленети при претрес во битолско село
Битолската криминалистичка полиција денеска (20.02), по претходно добиена судска наредба, извршила претрес во домовите на 34-годишниот У.К. и 29-годишниот Ш.К. од битолското село Граешница.
Како што информираат од МВР, при претресoт биле пронајдени и одземени автоматска пушка, ловна пушка, сигнален пиштол, воздушна пушка, 60 куршуми за автоматска пушка, девет патрони за ловна пушка, марихуана, 566 семки канабис, како и други предмети.
Лицата се уапсени и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветна кривична пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со ловечка пушка се заканувал на вработена во адвокатска канцеларија
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Б.(47) од кичевското село Туин поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
На 21.01.2026 пред адвокатска канцеларија во Кичево, тој со ловечка пушка се заканувал на вработена во канцеларијата. По преземени мерки, тој бил пронајден и лишен од слобода.
Црна хроника
Го нападнал синот во Струшко
Вчера во 18:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека Џ.А. во семејниот дом во струшко село физички го нападнал неговиот син.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
(Фото) Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, уапсен 69-годишник
Вчера во 15:30 часот на улицата „Шуматовска“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода 69-годишниот Ј.Џ. од Гостивар.

При преглед кај него и во патничкото возило „фолксваген пасат“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени три пакувања со кафеава прашкаста материја.

Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во неговата куќа и помошни простории во Гостивар, при што биле пронајдени и одземени три ќеси со кафеава прашкаста материја.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

