Контакт

Црна хроника

Експлозивна направа пронајдена во депонија во Кавадарци

Објавено пред

Вчера во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на депонијата „Мелци“ – Кавадарци била пронајдена експлозивна направа.

Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека станува збор за артилериско зрно 75мм.

Од страна на одговорно лице од Дирекцијата за заштита и спасување, експлозивната направа била безбедно подигната за понатамошна постапка, велат од МВР.

Црна хроника

Осуденик од затвор договарал зделки и измамил фирма од Прилеп

Објавено пред

Единицата за економски и компјутерски криминал при Секторот за внатрешни работи Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против Б.А. (33) од Скопје поради основано сомнение дека сторил кривично дело „измама“ предвидено и казниво по чл.247 од КЗ на РСМ.

Пријавениот кој што е осудено лице на издржување казна затвор во КПУ Идризово, искористувајќи го невниманието на вработените лица од службата за обезбедување и нивниот пропуштен должен надзор над неговото сомнително однесување како осудено лице, во просториите на КПУ Идризово на непознат начин успеал да обезбеди мобилен телефонски апарат и сим картица, активирана и регистрирана на негово име како сопственик.

„На 23.05.2018 со остварени повеќе телефонски јавувања на различни телефонски броеви и користење на интернет, со лажно прикажување на факти и лажно претставувајќи со различно име како лице што наводно е овластено и одговорно во невладина организација и дека во име на невладината организација врши нарачка и набавка на трговска стока, го довел и одржувал во заблуда одговорниот работник за продажба во правно лице од Прилеп. Притоа успеал да издејствува да му биде испорачана нарачаната трговска стока која не ја платил, на кој начин му причинил материјална штета на правното лице во износ од 65.402 денари за кој износ се стекнал со противправна имотна корист. Против Б.А. во текот на 2017, 2018 и 2019 година од страна на СВР Скопје до Основно јавно обвинителство во Скопје поднесени се повеќе кривични пријави за постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „измама“ со ист начин на извршување, со кои инкриминирани дејствија им причинил материјална штета на повеќе правнии лица за различни парични износи“, соопшти МВР.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Притвор за полицаецот кој прими поткуп од 100 евра за да не пише казна

Објавено пред

Против полицискиот службеник кој прими поткуп за да не пише казна, поднесена е кривична пријава и одреден му е 30-дневен притвор.

Од МВР информираат дека пријавениот на 24-ти овој месец во својство на полициски службеник, искористувајќи ја својата службена положба и овластување, а со намера да прибави противправна имотна корист, побарал и примил поткуп во износ од 6.000 денари, а со цел да не изврши службено дејствие, односно да не му издаде платен налог на оштетениот за наводно сторен прекршок во сообраќајот, иако во рамките на своето службено овластување морал да го изврши. Подоцна истиот ден пријавениот ја примил паричната награда.

Истовремено, отпочната е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност пред надлежната комисија, а од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

На преминот „Св. Наум“ уапсен дилер од Албанија

Објавено пред

На граничниот премин „Св.Наум“ на влез во замјава на 27 февруари при извршена контрола бил уапсен 31-годишник од Албанија кој бил на полициската „стоп листа“.

Тој патувал со автомобил „опел зафира“ со албанска регистрација, а на листата се наоѓал поради сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

Албанецот бил уапсен и предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.

 

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија16 минути

Обвинителството отвори предмет за паднатата фасада на зградата на МЕПСО

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал следејќи ги написите во медиумите за падната фасада на зградата на АД...

Свет2 часа

Саемот за автомобили во Женева се откажува првпат во 79 години поради коронавирусот

Првпат во 79 години, поради коронавирусот, откажан е саемот за автомобили во Женева, објавија швајцарските медиуми. Голем број други јавни...

Македонија2 часа

Филипче предлага да се забранат сите јавни собири за најмалку седум дена

Министерот за здравство, Венко Филипче, дал предлог Владата да ги ограничи масовните јавни собири како превенција од вирусот во пресрет...

Регион3 часа

Во Грција потврден четвртиот случај на коронавирус

Гркинка која неодамна се вратила дома од северна Италија стана четвртиот случај на коронавирус во Грција. Нејзината состојба е стабилна...

Топ4 часа

Скопјанец украл паричници од факултет и приватна болница, па со картичките пазарел во маркети

Скопското Обвинителство поднесе обвинение против 40-годишен скопјанец кој крадел паричници, а потоа правел трансакции во маркети. Како што јавија од...

Македонија4 часа

Обвинителството нема да покрене постапка за продажбата на МРП-вакцините

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе резолуција дека нема место за јавно–обвинителска интервенција во предметот оформен по...

Свет4 часа

Итна седница на НАТО поради нападот на турската војска во Сирија

Членките на Северноатлантскиот сојуз (НАТО) ќе одржат вонредна седница по повикот на Турција поради нападот врз нејзините сили во Сирија,...

Свет5 часа

Вo Иран 26 лица починаа од коронавирус, порасна и бројот на заразени во Италија

Од епидемијата на коронавирус во Иран починале 26 лица, соопштија властите, додавајќи дека неколку службени лица се заразени од вирусната...

Свет5 часа

Турција повеќе нема да го спречува влезот на сириските бегалци во Европа

Портпаролот на владејачката турска Партија на правда и развој, Омер Челик, изјави дека политиката на Турција кон бегалците ќе остане...

Европа15 часа

Канада веќе нема да ангажира тимови за обезбедување на Меган и Хари

Канада веќе нема да врши безбедносни услуги за британскиот принц Хари и Меган Маркл, соопшти денеска канадската влада, откако двојката...

Европа16 часа

Рочиштето за екстрадиција на Асанж во САД одложено за мај

Британскиот суд денеска го одложи разгледувањето на барањето за екстрадиција на Џулијан Асанж за 18 мај, а кого САД го...

Регион17 часа

Вархељи: Имам голема надеж дека преговорите со Скопје и Тирана ќе почнат наредниве недели

Европската Унија би можела да ги отвори пристапните преговори за Северна Македонија и Албанија за неколку недели бидејќи двете држави...

Европа19 часа

Коронавирусот се прошири на сите континенти, освен на Антарктикот

Коронавирусот се прошири во 40 земји во светот и заразени има на сите континенти, освен на Антарктикот, пренесува агенцијата „Танјуг“....

Македонија19 часа

Министерството за здравство: Лицето дојдено од Рим, за кое се чекаа резултати, не е заразено со коронавирус

Mинистерството за здравство информира дека лицето пристигнато од италијанската престолнина, за кое попладнево министерот Венко Филипче најави дека се очекуваат...

Македонија22 часа

Операторите од понеделник на полноќ ќе ја реемитуваат само МТВ

Здружението на информатичко-комуникациските технологии, кое ги обединува сите оператори, донесе заклучок да го прекине реемитувањето на сите домашни и странски...

Македонија23 часа

Двајца вработени во Град Скопје ставиле во џеб над три милиони денари, пари што граѓаните ги плаќале како данок

Двајца вработени во Град Скопје ставиле во џеб над три милиони денари, пари кои граѓаните ги плаќале како данок. Против...

Македонија1 ден

Вонредна дезинфекција на автобусите на ЈСП и на жичницата на Водно

ЈСП Скопје од денеска, 27 февруари, ќе почне со вонредна дезинфекција на автобусите, како и на кабините на жичницата на...

Македонија1 ден

Жената која допатува од Рим не е заразена со коронавирус

Министерството за здравство информира дека резултатите на пациентката кај која постоеше сомнеж за коронавирус, кои штотуку пристигнале, се негативни на...

Македонија1 ден

СДСМ и Беса заедно на изборите

Лидерите на СДСМ и движењето Беса, Зоран Заев и Биљал Касами, потпишаа Декларација за заеднички настап на изборите на 12...

Македонија1 ден

(Видео) Шилегов: Се одложуваат сите екскурзии на средношкоците во Италија

Градот Скопје во рамките на своите надлежности е целосно подготвен да ги преземе сите неопходни мерки за да се спречи...

Досие