Црна хроника
Загинаа двајца прилепчани кога камион возел во спротивен правец на патот Прилеп – Битола
Две лица од Прилеп загинаа, а едно е повредено во тешка сообраќајна несреќа на патот Прилеп – Битола.
Сообраќајката настанала во директен судир меѓу патничко возило „тојота“ со прилепски регистарски таблички кое се движело кон Битола и камион кој се движел во обратен правец, кон Прилеп.
Екипите на Противпожарната единица се уште се обидуваат да го изгаснат огнот зашто во директниот судир возилата се запалиле.
На лице место е констатирана смрт на прилепчаните Никола и Наташа Василевски, а додека со повреди се здобил возачот на камионот.
Од АМСМ известија дека е случена сообраќајна незгода во 08,00 часот на магистралниот пат Битола-Прилеп, кај клучката„Лагово“, а патот е затворен за сообраќај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

