Црна хроника
Запленети марихуана и стебла канабис во Прилепско, дилерот притворен
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава до ОЈО Прилеп против Т.Н. (53) од Прилеп поради неовластено производство и продажба на дрога.
По добиени оперативни сознанија дека пријавениот се занимава со нелегално производство и пуштање во промет на опојна дрога марихуана, на 2.9.2020 со наредба за претрес на дом и други простории извршени се претреси во домот на пријавениот во Прилеп и во викенд-куќата во место викано Кишовица. При извршените претреси, во викенд-куќата и во дворот се пронајдени марихуана и 59 стебла канабис.
Судија на претходна постапка во Основен суд Прилеп му определи мерка притвор на Т.Н. од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

