Црна хроника
Затворен угостителски објект во Тетово, работел по дозволеното време
Затворен угостителски објект во Тетово бидејќи работел по дозволеното работно време, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Полициски службеници извршиле контрола во угостителскиот објект на улицата ЈНА во Тетово, сопственост на Ф. Ц. (33) години.
При контролата во објектот биле затекнати пет лица – гости и сопственикот.
Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат, а сопственикот Ф. Ц. лишен од слобода и приведен во полициска станица.
Од МВР известуваат дека по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава кривична пријава за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдена бистата на народниот херој Вера Јоциќ од парк во скопски Центар
Вчера претпладне било пријавено дека била украдена бистата на народниот херој Вера Јоциќ од паркот во скопски Центар.
Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (26.12.2025) во 11:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека од парк на подрачјето на Центар во Скопје е одземена спомен бистата на народниот херој Вера Јоциќ.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повреден возач во сообраќајна несреќа кај Струга
Вчера околу 15:10 часот, во ОВР Струга е пријавено дека на магистралниот пат А-2 патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот В.М. од село Франгово, струшко, излетало од патот.
Возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Медицински центар Струга. На местото на несреќата увид извршила екипа од ОВР Струга.
Црна хроника
Експлодирал бојлер во Свети Николе, тешко повреден е маж
Електричен бојлер експлодирал вчера изутрина, околу 6:45 часот, во стан во Свети Николе и сериозно го повреддил 49-годишниот С.П., кој живеел во станот со семејството, информира МВР во дневниот билтен.
Поради повредите со возило на Итната медицинска помош С.Н. бил префрлен во болница кадер му е укажана лекарска помош.
Случајот бил пријавен во СВР Свети Николе, и извршен бил увид од увидна екипа за да се утврди причината за несреќата.

