Контакт

Топ

Изгоре маж во импровизирана барака во Тетово

Објавено пред

Безживотно машко тело е пронајдено изгорено рано утрово по пожар што зафати импровизирана дрвена барака на улицата Љубо Божиновски-Пиш.

Пожарот избил во непосредна близина на спортската сала во Тетово, а бараката е целосно изгорена, информираат од полицијата.

Безживотното тело го пронашле пожарникарите.

Јавен обвинител, екипа од СВР Тетово и лекар по судска медицина извршиле увид, а по наредба на Јавниот обвинител, телото било предадено за идентификација и обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје.

Свет

(Видео) Бејрут ден по експлозијата – болниците се преполни, луѓето во шок бараат преживеани под урнатините

Објавено пред

Чад сè уште се чувствува во Бејрут по вчерашните експлозии кои што разнесоа магацин и бројни објекти на пристаништето. Спасувачите ги извлекуваат телата на починатите и на повредените од под урнатините, а според тамошните медиуми, во болниците нема веќе место за згрижување на повредените.

Според министерот за здравство Хасан Хамид, болниците се полни со повредени лица, така што во хотелите во центарот на Бејрут ќе бидат сместени пациенти на кои не им е потребна операција.

Делот од градот каде се случи експлозијата е уништен, а голем број на згради се сериозно оштетени. Експлозијата била еднаква на земјотрес со јачина од 3,5 степени, според германскиот геонаучен центар ГФЗ, а се слушнала и се чувствувала до Кипар, на повеќе од 200 километри преку Медитеранот, пренесува АП.

Силни сигнали од експлозијата во Бејрут беа откриени и од станиците на Меѓународниот систем за следење на спроведувањето на Договорот за забрана на нуклеарни тестови во Тунис и Германија.

Во експлозијата во магацин за пиротехника загинаа над 100 лица, а повеќе од 4.000 се повредени.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: Почнуваме сериозни разговори за формирање стабилно мнозинство

Објавено пред

СДСМ почнува сериозни разговори за формирање стабилно мнозинство и Влада која движи брзо напред по европскиот пат, патот на економијата и правдата, соопштија од партијата.

„СДСМ започнува сериозни преговори со претседателите на политичките партии, со работни групи, членови на раководствата на партиите, за нов четиригодишен полн мандат на стабилно мнозинство во Парламентот и формирање посветена Влада, која ќе се движи брзо напред по европскиот пат и патот на економијата и на правдата“, се наведува во соопштението.

Од партијата велат дека разговараат исклучиво за формирање Влада која се грижи за сите граѓани подеднакво, ослободени од какви било етнички предрасуди или национализми, Влада која нема никакви дилеми кога е во прашање нашиот заеднички пат кој се вика “Северна Македонија – Едно општество за сите”.

„Разговараме за Влада која ќе се бори со криминалот и корупцијата на сите нивоа, а особено внимание ќе посветиме на делот за прочистување на правосудството и на проверката на потекло на пари и капитал кај секој функционер, по пат на систем што заеднички ќе го договориме. Новата Влада предводена од СДСМ ќе донесе и сериозна реформа на јавната администрација, промена која ќе донесе ефикасни, поголем број и побрзи услуги за граѓаните, но и намалување на обемот на администрацијата за 20%, со помал број министри и рационализација на јавните служби. Владата за која разговараме, на првото место од својата европска и граѓанска агенда, ќе ја има новата македонска економија, чии главни принципи се продолжување на раст на платите, вложување во младите и во рамномерниот регионален развој, водење посебна грижа за најсиромашните граѓани и постојана поддршка на домашниот приватен сектор“, велат од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Над 100 починати и 4.000 повредени во експлозијата во Бејрут

Објавено пред

Според последните информациите коишто ги пренесуваат медиумите, бројот на жртвите од експлозијата во Бејрут се искачи над 100, додека над 4.000 се повредени. Експлозијата се случи синоќа во магацин за пиротехника во близина на пристаништето во Бејрут.

Првиот човек на службата за безбедност на Либан, генералот Абас Ибрахим на местото на експлозијата демантирал дека станува збор за детонација од пиротехника и изјавил дека станува збор за други експлозивни средства кои биле складирани долго време.

„Тоа што се случи не е експлозија од пиротехника, туку некои други експлозивни средства кои биле складирани долг временски период“, рекол Ибрахим.

Либанската телевизија „ЛБЦ интернешнл“ подоцна објавила дека експлодирале 2.700 тони калиум нитрат, пренесува Спутник.

„За време на заварување на отворот низ кој криминалците би можеле да извршат кражба, дошло до детонација на товарот складиран во магацинот со 2.700 тона калиум нитрат – шалитра“, пренела телевизијата.

Експлозијата се случи на пристаништето каде се сместени магацини со силен експлозивен материјал. Според податоците на германскиот геонаучен центар ГФЗ, експлозијата била еднаква на земјотрес со јачина од 3,5 степени, а се слушнала и подалеку од Кипар, на повеќе од 200 километри преку Медитеранот.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет44 минути

(Видео) Бејрут ден по експлозијата – болниците се преполни, луѓето во шок бараат преживеани под урнатините

Чад сè уште се чувствува во Бејрут по вчерашните експлозии кои што разнесоа магацин и бројни објекти на пристаништето. Спасувачите...

Македонија47 минути

СДСМ: Почнуваме сериозни разговори за формирање стабилно мнозинство

СДСМ почнува сериозни разговори за формирање стабилно мнозинство и Влада која движи брзо напред по европскиот пат, патот на економијата...

Свет1 час

(Видео) Над 100 починати и 4.000 повредени во експлозијата во Бејрут

Според последните информациите коишто ги пренесуваат медиумите, бројот на жртвите од експлозијата во Бејрут се искачи над 100, додека над...

Македонија1 час

Најголем број од новозаболените и починатите од Ковид-19 се лица над 60 години

Најголем број од новозаболените и починатите од Ковид-19 во периодот од 27 јули до 2 август се лица над 60...

Свет2 часа

(Видео) Трамп: Бејрут е нападнат, тоа беше бомба

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека генерали на американската армија му пренеле дека експлозијата во Бејрут, во која загинаа најмалку...

Свет2 часа

(Видео) Над 2.000 тони амониум нитрат експлодирале во магацинот во Бејрут

Над 2.750 тони амониум нитрат експлодирале во магацин за пиротехника во пристаништето во главниот град на Либан, што предизвика страотна...

Македонија12 часа

Експретседателот на кривичниот суд, Владимир Панчевски, осуден на три ипол години затвор

Поранешниот претседател на скопскиот кривичен суд, Владимир Панчевски, е осуден на три години и шест месеци затворска казна за злоупотреби...

Свет14 часа

Вознемирувачки видеа од Бејрут, за секунда срамнети со земја огромни згради

Стравотни снимки од експлозијата што попладнево се случи во Бејрут се споделуваат во јавноста, а очевидци раскажуваат за драматични сцени...

Македонија17 часа

ДИК не го тестирала софтверот пред изборите, направила и други пропусти за заштита на личните податоци

Агенцијата за заштита на личните податоци утврди повеќе повреди на прописите за заштита на личните податоци од страна на Државната изборна...

Топ18 часа

Уапсена скопјанка, членка на ИСИС

Полицијата уапси 38-годишна скопјанка која патувала во Сирија и учествувала во активности на ИСИС. Според информациите на МВР, Секторот за борба...

Македонија19 часа

Мицкоски: Ќе се фокусираме на предлози што значат борба против криминалот и корупцијата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најави дека неговата партија ќе биде фокусирана да состави парламентарно мнозинство и да ја состави...

Македонија19 часа

Пронајдено телото на 16-годишното момче што се удави во Преспанското Езеро

По два дена трагање, пронајдено е телото на 16-годишното момче што се удави во Преспанското Езеро. Од МВР велат дека...

Македонија20 часа

Заев: За 10 до 15 дена ќе има исход од преговорите за влада, сите опции се отворени

Претседателот на СДСМ и пратеник во Собранието, Зоран Заев, посочи дека во деновите што следуваат ќе се разговара со сите...

Македонија20 часа

Петмина починати и 75 новозаболени од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 830 тестирања, а регистрирани се 75 нови случаи на...

Македонија20 часа

Собранието им ги верификува мандатите на сите 120 пратеници

Со 116 гласа „за“, без ниту еден воздржан ниту, пак, против, верифицирани им се мандатите на сите 120 пратеници, со...

Македонија21 час

42-годишен маж спасен на Клиниката за кардиологија со стентирање на трауматска трансекција на торакалната аорта

Маж на возраст од 42 години е спасен од сигурна смрт кога на Клиниката за кардиологија му било извршено стентирање...

Македонија21 час

Јагода Шахпаска избрана за претседател на Верификациската комисија на Собранието

Со интонирање на химната почна првата седница на новиот парламентарен состав, која се одржува во салата Голема купола, со засилени...

Свет23 часа

В година Русите ќе ја тестираат вакцината против коронавирусот врз деца

Националниот истражувачки центар „Гамалеи“ во Русија планира да почне со тестирање на вакцината против коронавирусот врз деца во јануари-февруари в...

Регион23 часа

Грчките премини Дојрани и Ники ќе се отворат по 15 август

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека грчките гранични премини Дојрани и Ники ќе бидат целосно затворени за сообраќај до 15.8.2020...

Топ24 часа

Прегазена жена во Охрид

Деветнаесетгодишен скопјанец со „мерцедес“ на улицата Сирма Војвода во Охрид удрил во пешакот М. Т. (58) од Охрид. Жената била...

Досие