Црна хроника
Измамен тетовец, уплатил 1.350 евра за да купи багер што не постои
Вчера во 12.00 часот во СВР Тетово, 28 – годишник од тетовско село пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 1.350 евра.
Според пријавеното, на 25.05.2024 на социјална мрежа тој се договорил со лицето да купи работна машина – багер од него, по што на 10. и 11.06.2024 ги уплатил парите.
Како што е пријавено, пред да го пријави настанот се слушнал со лицето кое му кажало дека машината е на царинска испостава во Тетово, а откако отишол таму бил известен дека таков предмет нема, по што лицето веќе не било достапно и сфатил дека бил измамен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со возило на авто-школа удрен, па натепан малолетник
Вчера во 15.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор пред авто-школа на подрачјето на Бит Пазар, откако со возило бил удрен малолетник од Скопје, возачот од возилото физички го нападнал.
Потоа, според пријавеното, откако малолетникот се пожалил на неговата мајка Ѓ.Ј.(39) од Скопје, таа дошла и од службена просторија на авто школата била истуркана надвор и физички била нападната од истото лице.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Црна хроника
Мотоциклист излета од патот и тешко се повреди
Вчера во 13:30 часот во полициската станица Пробиштип било пријавено дека околу 13 часот во близина на фабрика во Пробиштип, Г.Ѓ.(57) од село Другово, кичевско, управувајќи мотоцикл изгубил контрола и излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицинскиот центар Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Пробиштип.
Црна хроника
Рачна бомба најдена во туристичката населба Отешево
Вчера во 9 часот во полициската станица Ресен, Б.Ѓ. од Ресен пријавил дека на крабрежјето во туристичката населба Отешево, ресенско, пронашол една рачна бомба-кашикара, три артилерски чаури 60 мм и две исправни запалки мм, кои потекнувале од Првата светска војна.
Од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување истите се подигнати за понатамошна постапка.