Црна хроника
Истепан службеник во Центарот за социјални работи во Гостивар

Гостиварецот Р.Т. (62) пријавил дека во ходникот на Центарот за социјални работи во Гостивар, каде што бил вработен, Д.Ѓ. (19) од с.Леуново почнал да му вика, да му се заканува, по што и физички го нападнал удирајќи го со тупаници по грбот и телото.
Набргу се вмешале други вработени во Центарот за социјални работи и го спречиле Д.Ѓ. да продолжи со нападот. Тој бил лишен од слобода, а по целосното расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Три лица каснати од кучиња скитници во Скопје

Три лица се каснати од кучиња скитници во Скопје.
На 29.5.2023, во 22.56 часот, во Полициската станица Ѓорче Петров, С. А. (18) од Скопје пријавил дека на улицата Лука Геров бил каснат од куче скитник.
На 29.5.2023, во 1.30 часот, во Полициската станица Драчево, В. Д. (57) од Скопје пријавила дека на улицата Иван Хаџи Николов била касната од куче скитник.
На 29.5.2023, во 16.15 часот, во Полициската станица Драчево, В. Ѓ. (63) од Скопје пријавил дека на улицата Антон Димитров бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Сообраќајна незгода меѓу автомобил и автобус, едно лице тешко повредено

На 29.5.2023, во 14 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во с. Маркова Сушица, Скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“, управувано од Д. Д. (23) од Скопје, и автобус „ман“, управуван од Е. Д. (25) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.
Во несреќата тешки телесни повреди добил сопатникот од возилото М. К. (21) од Скопје, а телесни повреди добил возачот Д. Д., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Битолчанец тешко повреден, возејќи мотор, изгубил контрола и излетал од патот

На 29.5.2023, во 16.50 часот, во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата од улицата Партизанска и улицата Крушево во Битола, А. М. (71) од Битола, управувајќи мопед „априлија“, со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата тешки телесни повреди добил А. М., констатирани во Клиничката болница во Битола.
Увид на местото извршила екипа на СВР Битола.