Црна хроника
Истрага против дилер на кокаин од Скопје

22-годишно лице од Скопје е под истрага поради сомнение дека сторил кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Според надлежните, осомничениот 22-годишник неовластено, заради продажба, кај себе држел 98,98 грама наркотична дрога кокаин, спакувана во една полиетиленска кеса.
Дрогата била откриена на 21 декември кога полициски службеници се обиделе да го запрат возилото со кое управувал осомничениот пред Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје. Тој не застанал и со автомобилот продолжил да се движи.
По претходна објава по радиоврска, автомобилот го забележал и го сопрел друг полициски службеник на булеварот ВМРО. Притоа осомничениот се обидел да го фрли пакувањето со дрога во средишната жардиниера на булеварот и да побегне, но бил спречен во намерата и приведен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Прегазен малолетник во Охрид

Малолетен пешак бил прегазен од автомобил синоќа во Охрид.
„Вчера во Охрид, на улицата Ванчо Питошески, патничко возило „ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.Р.М.(35) удрило во малолетен пешак од Охрид“, објави МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид.
Извршен бил увид.
Црна хроника
Скопјанка го пријавила поранешниот сопруг дека се соблекол пред нивните малолетни деца

Скопјанка го пријавила поранешниот сопруг дека недолично се однесувал и се соблекол пред нивните две малолетни деца.
„На 01.06.2023 околу 13.00 часот во Полициска станица Чаир, 42-годишна скопјанка пријавила дека нејзиниот поранешен сопруг, пред околу три месеци, недолично се однесувал и се соблекол пред нивните две малолетни деца, додека биле на викенд посета кај него во скопската населба Аеродром“, велат од МВР.
За случајот е известен Центарот за социјални работи и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Четири деца нападнати од врсници во Македонија – едно натепано на училиште, на друго му извадиле нож

МВР објави за четири пријави за насилство помеѓу врсници во текот на вчерашниот ден, на територијата на Македонија.
Според полициските информации, едно од децата било нападнато за време на училишен одмор, додека пак друго било натепано од лице кое со себе носело нож.
„На 01.06.2023 во 18.00 часот Р.К.(47) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Шуто Оризари неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца други малолетници.
На 01.06.2023 во 19.40 часот Х.Б.(44) од Тетово пријавила дека во Тетово нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца други малолетници.
На 01.06.2023 во 13.00 часот во Полициска станица Струмица, И.Ц.(44) од Струмица пријавил дека околу 10.45 часот, за време на училиштен одмор во средно училиште во Струмица, каде учел неговиот малолетниот син, две лица кои ги познавал физички го нападнале.
На 01.06.2023 во 14.00 часот Џ.М.(46) од Скопје пријавил дека околу 12.45 часот на подрачјето на Бит Пазар неговиот малолетен син бил физички нападнат од две лица, од кои едното имало остар предмет“, објави МВР во дневниот билтен.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите.