Топ
Истрага против мајката на 14-месечното бебе кое имаше повреди на черепот

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истрага против мајката на 14-месечното бебе кои имаше повреди на нозете и черепот. Според Обвинителството, мајката го запуштила и малтретирала своето дете. Случајот беше обелоденет во јули годинава кога мајката со своето едногодишно бебе побарала помош во болница во Скопје. Кај бебето биле констатирани тешки телесни повреди. Од страна на Центарот за социјални работи на детето му е одреден привремен старател и тоа е згрижено во Домот за доенчиња во Битола.
Обвинителството соопшти дека постои основано сомнение дека осомничената во периодот од 15.6.2018 до 6.7.2018 година, во повеќе наврати, со грубо запоставување на својата должност за грижа и воспитување како родител, го запуштила своето дете и како резултат на тоа кај детето жртва настапила тешка телесна повреда, со која бил доведен во опасност неговиот живот.
„Во временски период додека таткото на детето родено во мај 2017 година се наоѓал на издржување казна затвор, мајката не му дала соодветна родителска грижа на детето, повремено го оставала само или го препуштала на грижа на други лица, без притоа да внимава на сигурноста, безбедноста и потребите на детето. Како резултат на тоа, детето добило тешки телесни повреди на телото и главата, со кои бил доведен во опасност неговиот живот и на 7.7.2018 година било примено на Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Во рамките на предистражната постапка надлежен јавен обвинител сослуша повеќе сведоци и ја испита осомничената. Беше издадена наредба за утврдување на психијатриската состојба на осомниченото лице, како и наредба за вештачење на видот и карактерот на повредите кај детето“, соопшти Обвинителството.
До овој момент не е утврден идентитетот на лицето што директно ги нанело повредите кај детето, но надлежниот јавен обвинител и натаму презема дејства за утврдување на фактите и доколку се утврди кривична одговорност на конкретен сторител, и против него ќе биде поведена постапка.
Полицијата пред 4 месеци поднесе кривична пријава против дваесет 20-годишната К.М. од Скопје поради основи на сомнение дека сторила кривично дело запуштање и малтретирање малолетно лице.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пензионерите и учениците ќе ги добијат парите – помош од државата во втората половина на декември

Во втората половина на декември пензионерите, учениците и студентите ќе ја добијат првата рата парична помош од државата, дел од последниот пакет антикризни мерки на Владата. Од Министерството за труд социјала за „Макфакс“ велат дека исплатата на финансиската помош ќе биде регулирана со закон за финансиска поддршка на ранливи категории граѓани кој заеднички ќе го донесат Министерството за труд и социјала и Министерството за образование.
„Пензионерите и корисниците на социјални права предвидени во мерките е предвидено да ги добијат правата на своите трансакциски сметки, сметките на кои ги примаат пензиите или го остваруваат правото, во втората половина од декември. Финасиска поддршка ќе добијат ученици и студенти, најранливите категори граѓани, пензионери приматели на најниски пензии, корисници на надоместок заради попреченост, самохрани родители – корисници на гарантирана минимална помош и родители на деца со попреченост до 26 години кои користат посебен додаток“, велат од кабинетот на министерката Јована Тренчевска.
Парична помош од државата ќе добијат вкупно 187.000 пензионери. Колку им е помала пензијата толку е поголема помошта која ќе ја добиваат во следните пет месеци. Пензионерите со пензии до 14.000 денари ќе добиваат по 3.000 денари, оние со пензии од 14.000 до 16.000 денари ќе добиваат по 2.000 денари, а пензионерите со пензии од 16-19.000 денари ќе добиваат по 1.500 денари во следните пет месеци.
Ученици кои потекнуваат од семејства со месечни примања до 50.000 денари ќе добиваат помош од држава еден месец повеќе од пензионерите, односно шест месеци. Со мерките се опфатени над 105.000 ученици. Основците ќе добиваат по 1.200 денари, а средношколците по 1.800 денари месечно.
Најдолго, односно седум месеци, помош од државата ќе добиваат студентите. Опфатени се 15.000 студенти кои не живеат во местото на студирање. Ќе добиваат ваучер за превоз во вредност од 600 – 1.200 денари.
Најранливата категорија граѓани во која Владата смести вкупно 16.741 лице, ќе добиваат по 2.000 денари во следните пет месеци. Во оваа категорија спаѓаат корисниците на надоместок заради попреченост, самохраните родители корисници на Гарантирана минимална помош и родителите на деца со попреченост до 26 години.

Mерките се правени за граѓаните, не се правени за изборите, рече премиерот Ковачевски
Веднаш откога ги соопшти мерките, пред два дена, на премиерот Димитар Ковачевски му беше забележано дека тие се димензионирани како предизборен поткуп оти истекуваат околу изборите планирани за следната година. Тој објасни дека некои мерки истекуваат пред изборите, планирани за мај следната година, а некои по изборите и нагласи дека мерките се правени за граѓаните не се правени за изборите.
„Макфакс“ побара објаснување што било клучно во одредувањето колку месеци ќе трае секоја од мерките кои предвидуваат парична помош. Од кабинетот на министерката Тренчевска објаснија дека кај учениците се раководел од учебната година, а кај пензионерите од месеците во кои се чувствуваат ефектите од продолжената енергетска криза.
„За учениците и студентите периодот на финансиска поддршка е планиран согласно траењето на учебната година, а за пензионерите со ниски пензии и ранливите категории на граѓани поддршката е планирана да ги покрие месеците кога трошоците на домаќинствата за енергенси се зголемени. Мерките се насочени кон таргетирана поддршка на ранливи категории на граѓани во услови на зголемени трошоци на живот, како и продолжените ефекти од енергетската криза и стабилизирање на ценовната криза“, објаснуваат од кабинетот на Тренчевска.
Овој пакет мерки, деветти по ред на Владата е со вкупна вредност од 662 милиони евра и покрај мерки за помош на учениците, пензионерите и најранливите категории граѓани, предвидува мерки и субвенции за земјоделците, за компаниите, мерки за зголемување на платите во јавниот сектор, но и мерки за зголемување на платите во приватните компании.
Македонија
Заврши првиот ден од самитот на ОБСЕ во Скопје: во фокусот војната во Украина

Првиот ден од 30. Самит на министрите за надворешни работи на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) заврши денеска во Скопје и ќе продолжи утре.
Во фокусот на обраќањата на шефовите на делегациите беше војната во Украина, а најголемо внимание, според написите во медиумите, привлече присуството и обраќањето на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Лавров денеска изјави дека ОБСЕ е пред колапс и дека Западот ги убива шансите за заживување на организацијата.
Ова е првпат Лавров да престојува во европска земја членка на НАТО од почетокот на руската специјална операција во Украина.
Иако изминативе денови се очекуваше средба помеѓу Лавров и државниот секретар на САД Ентони Блинкен бидејќи тие првпат ќе се затекнеа заедно на едно место, тоа не се случи. Имено, Лавров пристигна во Скопје откако Блинкен го напушти и отпатува за Тел Авив, анализираат медиумите во регионот.
На најголемиот меѓународен политички настан организиран во Северна Македонија од нејзината независност присуствуваат шефовите на дипломатиите на најголемиот број земји-учеснички на ОБСЕ – САД, Канада, Велика Британија, министрите на земјите членки на ЕУ и НАТО, од Медитеранот, Блискиот Исток и Централна Азија.
За утре се планирани три настани на теми: Млади и граѓанско општество, За луѓето е влијанието на теренските операции на ОБСЕ во 2023 година и Зачувување на плурализмот, безбедност на новинарките.
Министерскиот состанок започна вчера со неформална вечера на повеќето министри, каде тема на разговор беше воената агресија врз Украина и потребата од функционална Организација во време на конфликти и зголемени тензии.
Министрите за надворешни работи на Србија, Црна Гора, Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Албанија денеска во Скопје, за време на Министерскиот совет на ОБСЕ, потпишаа заедничка декларација за борба против корупцијата.
Шефовите на дипломатиите Ивица Дачиќ, Филип Ивановиќ, Бујар Османи, Елмедин Конаковиќ и Игли Хасани во Заедничката изјава како клучни точки ги наведуваат промоцијата на дигиталните алатки за рано откривање на криминалот, спречување на корупција и зголемена транспарентност, ефикасно користење на алатките за враќање на средствата и зголемување на капацитетот за намалување на ризиците поврзани со дигиталните средства, како што се криптовалутите, во контекст на перење пари.
Европа
Лавров добил провокативна порака на самитот на ОБСЕ, објави руската амбасада во Скопје

Сергеј Лавров добил провокативна порака на самитот на ОБСЕ што од денеска се одржува во Скопје.
Ваквата информација ја пренесуваат и медиумите во соседството а е објавена на Фејсбук страната на Амбасадата на Русија во Скопје.
На социјалните мрежи е објавено дека министерот за надворешни работи Сергеј Лавров добил порака дека неговото место на самитот на ОБСЕ, што почна во македонскиот главен град, е „резервирано за НАТО“.
Реагирала и портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, која истакнува дека на масите во салата има јасна манифестација на она за што зборува Лавров.
„На масите во салата за состаноци на Советот на министри за надворешни работи на ОБСЕ има јасна манифестација на она за што зборуваше Сергеј Лавров во своето обраќање: „Под притисок на САД, логиката на ОБСЕ се заменува со агресивната идеологија на НАТО“, е наведено во реакцијата на Захарова.