Црна хроника
Исчезнаа шест лица од Непал, биле вработени во Пехчево и Свети Николе
Вчера во 12.10 часот во ОВР Берово, Д.В.(44) од Берово, раководител на правен субјект од Пехчево, пријавил дека нивен 38-годишен вработен од Непал, со привремен престој во Пехчево, се оддалечил од местото каде што престојувал. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Вчера во 11.30 часот во Полициската станица Свети Николе, В.М.(34) од Свети Николе, управител на приватна фирма од Свети Николе пријавил дека петмина негови вработени – лица од Непал, со привремен престој во Свети Николе, на возраст од 27 до 38 години, го напуштиле местото каде што престојувале. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кражба во болница во Гостивар: украден паричник, потоа подигнати над 40.000 денари од банкомат
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против 70-годишниот С.Х. од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „кражба“ и „навлегување во компјутерски систем“.
Според полицијата, на 11 ноември 2025 година, во Општата болница во Гостивар, пријавениот одзел паричник од И.П. (69), во кој имало 15.000 денари, лични документи и банкарска картичка.
По кражбата, како што се наведува, тој подоцна ја злоупотребил банкарската картичка и од банкомат на банка во Тетово во два наврата подигнал 41.600 денари. Со тоа, на оштетената ѝ била нанесена вкупна материјална штета од 56.600 денари.
Црна хроника
Драма во Кочани: Куче нападна мајка и 13-годишно девојче, сопственикот заработи кривична пријава
Полицијата поднесе кривична пријава против 46-годишниот С.Г. од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
Според информациите од полицијата, на 11 март 2026 година, пријавениот без надзор го пуштил своето куче на улица. Во тој момент, кучето нападнало две лица – Ѓ.Д.А. и нејзината 13-годишна ќерка.
Од полицијата посочуваат дека по документирањето на случајот е поднесена соодветна пријава против лицето.
Црна хроника
Скопјанец нападнал полицајци и им го оштетил возилото
Вчера вечер, во 22:15 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го уапсија И.К.(27) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека го нарушил јавниот ред и мир, агресивно се однесувал и нападнал полициски службеници додека извршувале службени дејствија.
При апсењето, тој го оштетил и службеното возило на МВР.
Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
