Црна хроника
И кажале дека ќерка и прегазила дете па платила 50.000 денари: измамена скопјанка

Вчера во 18.00 часот во СВР Скопје, 83-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 50.000 денари.
Според пријавеното, едно лице ѝ се јавило телефонски и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете мигрант, кое починало, и доколку не сака таа да лежи во затвор требало да плати.
Како што е пријавено, таа ги оставила парите на договореното место, а откако се слушнала со нејзината ќерка, сфатила дека била измамена.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Ослободени шест мигранти кои биле држени во заложништво во Студеничани, лишени од слобода седум лица

По преземени мерки и активности и по претходно добиени сознанија, на 24.03.2025 околу 19.30 часот во објект во с.Студеничани, скопско, сопственост на М.Ш.(50) од с.Студеничани, полициски службеници пронашле шест лица мигранти, кои со употреба на сила и закани биле држани во објектот.
Во врска со настанот, а поради сомнение дека сториле кривично дело по член 418б од Кривичниот законик, од слобода бил лишен сопственикот и Ќ.Ш.(25), У.Ш.(26) и А.Ш.(59), тројцата од с.Студеничани, како и Б.Б.(28), А.Б.(55) и А.Б.(32), сите од Скопје.
Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.
Црна хроника
Приведен бегалец од затвор

Вчера во 05.00 часот во село Нова маала, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Џ.А.(24) од село Нова маала.
Тој бил осуден на затворска казна во траење од една години и шест месеци за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори “ по член 215 од Кривичниот законик, а бил баран по потерница поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Струмица.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Струмица за доиздржување на една година и три месеци од казната
Црна хроника
Приведено лице од Кавадаречко: управувал возило под дејство на алкохол

Вчера во 18.05 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци – Дреново, патничко возило „фиат стило“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Б.И.(54) од село Возарци, кавадаречко, излетало од патот.
Повредени лица нема, а увид извршила екипа од ОВР Кавадарци при што било констатирано дека Б.И. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,60 промили алкохол во крвта.
Тој е лишен од слобода и задржан во полициска станица.
Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена пријава по член 297а – „безобѕирно управување со моторно возило“ од Кривичниот законик, соопшти МВР.