Црна хроника
Кавадарчанец возел пијан, не пропуштал пешаци, а имал и забрана за управување возило
На 29.03.2025 во 23.30 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Љ.А.(40) од Кавадарци.
Тој на улица „Илинденска“ во Кавадарци управувал патничко возило „пасат“ со бугарски национални ознаки со голема брзина и не пропуштил пешаци на обележан пешачки премин. Од страна на полициски службеници бил сопрен и возилото било привремено одземено по член 344 став 2 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Од извршените проверки било утврдено дека лицето го управувало возилото под активна забрана за ,,Б“ категорија, а воедно е утврдено дека има 1.7 промили алкохол во крвта. Љ.А. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни пријави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се степале за паркинг во Петровец, па му се заканил со огнено оружје
Вчера во СВР Скопје, И.К.(41) од с.Петровец, скопско пријавил дека околу 18:00 часот во с.Петровец, скопско, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, Д.Д. се обидел физички да го нападне.
Потоа му упатил закани со огнено оружје.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: депозитфотос
Црна хроника
Насилство во Тетовско: нападната 19-годишна девојка
СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.А.(28), С.А.(30), Е.А.(23), Г.А.(44) и А.А.(19), сите од с.Желино, тетовско.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „насилство“.
Имено, според полицијата на 26.09.2025 во с.Желино, по претходна расправија, пријавените физички нападнале 19-годишна девојка од истото село.
Црна хроника
Загина 48-годишен возач: со возилото излетал од патот Кочани – Виница
Вчера во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

