Црна хроника
Кавадарчанец со трактор криумчарел мигранти

Кавадарчанец е фатен како со трактор криумчари мигранти кај нова крстосница кај Градските гробишта. Во неговиот трактор биле пронајдени три лица мигранти – K.С.(22), J.З.(23) и 17-годишник, сите од Авганистан.
За настанот се известени Јавен обвинител и Одделението за прекуграничен криминал, мигранти, странци и реадмисија при РЦ за ГР Југ. Возачот Р.К. бил приведен во полициска станица, додека мигрантите се сместени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ Гевгелија за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Затвореничка побегнала од Идризово, па била најдена во Гевгелија

Полицијата синоќа ја приведе Д.Џ.Б.(46) од Гевгелија.
Според информацијата од МВР, таа била барана по потерница поради бегство од Затвор Идризово, каде издржувала казна затвор од три години и шест месеци за разбојништво, а имала за доиздржување уште две години и пет месеци.
Вратена е во затворот за доиздржување на казната.
Топ
Детали за несреќата во Охрид: возачот немал дозвола, поминал преку кружниот тек и на тротoар ја прегазил жртвата

Основното јавно обвинителство Охрид отвори истрага против две лица за тешки дела против безбедноста на луѓето имотот во сообраќајот, во врска со синоќешната сообраќајна несреќа на булеварот „Туристичка” во која 44-годишна жена беше прегазена, а уште едно лице беше тешко повредено.
Првиот осомничен управувал автомобил „Фолксваген голф“ без да поседува возачка дозвола и со брзина неприспособена на својствата и состојбите на патот.
Поради тоа 21-годишникот изгубил контрола над возилото, навлегол на кружниот тек преминувајќи преку средишниот остров, возел надвор од коловозот и удрил во метален столб – канделабра на тротоарот. Потоа продолжил да се движи по тротоарот каде налетал на двајца пешаци и конечно удрил во бетонска ограда.
Во несреќата била повредена пешакот Александра Божиноска која починала на лице место, додека кај другиот пешак биле предизвикани тешки телесни повреди.
Истрага е поведена и за сопатникот во автомобилот, 18-годишен сопственик на автомобилот. Тој делото го сторил загрозувајќи ја безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средство.
Иако бил свесен дека поради неговото постапување може да настапи штетна последица, односно дека неговиот другар не поседува возачка дозвола и може тешко да ја загрози безбедноста на сообраќајот и да го доведе во опасност животот на луѓето, вториот осомничен му го дал возилото цо негова сопственост да го управува.
Ценејќи дека се исполнети законските основи, јавниот обвинител предложи мерка притвор за двајцата осомничени.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека демонтирал скеле во Драчево

Педесет и двегодишен работник од Скопје бил со тешки повреди донесен вчера на Комплексот клиники.
Тој се здобил со повреди при демонтирање на скеле на улицата Партизански пат во Драчево, Скопје.
Се работи на расчистување на случајот.