Црна хроника
Кавадарчани пазареле со фалсификувани пари

Полицијата во Кавадарци поднесе кривична пријава против Б.Ч.(27), Љ.Т.(30) и С.О.(20), сите од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело фалсификување на пари.
Во текот на јуни пријавените набавиле 193 фалсификувани банкноти од по 500 денари, 41 банкнота од по 1.000 денари и банкнота од 2.000 денари, по што второпријавениот дел од нив пуштил во оптек во Кавадарци, а дел од нив во износ од 40.000 денари им ги предал на еден малолетник и на третопријвениот со обврска да му дадат надомест од 3.000 денари.
По ова, тие дел од фалсификуваните банкноти ги пуштиле во промет, додека останатите банкноти ги изгореле.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
689 казни за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (29.1.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возила што се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 689 возачи.
Од нив, 45 возила се движеле со над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, а девет се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Притоа 382 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 307 надвор од населено место.
Засилените сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Црна хроника
143 казнети возачи во Скопје, 56 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (29.1.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 143 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 56 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, 11 санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, три мерки за возач почетник…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Црна хроника
Човечки труп извлечен од Вардар во Долно Лисиче

Вчера во полицијата било пријавено дека по течението на реката Вардар во Долно Лисиче, пловел човечки труп, кој малку подоцна бил извлечен од водата од страна на противпожарната единица Скопје.
Од лекар од Итна медицинска помош е констатирана смрт, соопшти МВР.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и известен е Јавен обвинител по чија наредба телото е предадено за обдукција.