Црна хроника
Казнети 265 возачи во Скопје
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на Град Скопје изречени се вкупно 265 мерки, од кои 31 мерка за возење без возачка дозвола, 11 за нерегистрирани и технички неисправни возила, 7 санкции за управување под дејство на алкохол, 14 за поминување на затворен семафор (црвено светло), 20 мерки за користење на мобилен телефон, 13 мерки за некористење на сигурносен појас, 14 санкционирани пешаци.
„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пронајдена граната од Првата светска војна во Струшко
Вчера попладне, во 16.10 часот, во ОВР Струга е пријавено дека во нива во атарот на струшкото село Калишта била пронајдена граната од Првата светска војна во калибар од 95 милиметри, извести МВР.
Гранатата била безбедно подигната од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување – Битола за понатамошна постапка.
Црна хроника
Во сообраќајна незгода тешко повредена жена од Гостивар
Вчера, во 10.50 часот, во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионален пат Маврово – Дебар, во близина на Сенечки Ливади, патничко возило „фолксваген голф“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 76-годишниот Т. М. од Гостивар, излетало од патот, извести МВР.
Во несреќата тешки телесни повреди добила сопатничката, 49-годишната Л. М. од Гостивар, констатирани во Ургентниот центар во Гостивар, додаде МВР.
Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.
Црна хроника
Возило удри во велосипедист: скопјанецот со тешки повреди однесен на Клинички
Вчера попладне, во 15.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница на улицата Загрепска со улицата Питу Гули во Скопје, патничко возило удрило во велосипед управуван од 55-годишниот Т. П. од Скопје и го напуштило местото, извести МВР.
„Во несреќата велосипедистот добил тешки телесни повреди, констатирани во комплексот клиники ‘Мајка Тереза’ во Скопје“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.