Црна хроника
Казни за петмина скопјани кои го прекршиле полицискиот час, еден од нив имал и лажна дозвола

Скопското Основното јавно обвинителство поднесе предлози за казни против четири лица за кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.
Обвинетите биле затекнати како се движат на различни локации низ градот за време на полицискиот час, определен како мерка за сузбивање на ширењето на коронавирусот.
За четворицата обвинети јавните обвинители му предложиле на судот да изрече парични казни од по 10 дневни глоби, со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.
За еден скопјанец, пак, поднесено е обвинение за кривично дело фалсификување исправа.
Обвинетиот на 17 март бил затекнат како се движи на улицата Цветан Димов за време на полицискиот час, при што употребил лажна исправа – дозвола за движење на вработен поради континуитет на работниот процес.
Меѓутоа, утврдено било дека тој во наведената фирма извршувал работни активности само во периодот од 8 до 16 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Притвор за лицата кои силуваа девојка во Струмица – ја сретнале жртвата на улица и ја внеле во автомобил

Притвор од 30 дена за трите лица кои се сомничат за силувањето на 19-годишната девојка во Струмица, што се случи пред две недели.
„Осомничените, како соизвршители, на 8 април заеднички грабнале една оштетена со намера да ја присилат на сексуален однос. Тие ја пресретнале жртвата на улица, на сила ја внеле во автомобил и се упатиле кон подземна гаража во центарот на Струмица. Таму насилно ја соблекле и еден од осомничените извршил обљуба“, велат од обвинителството.
Притворените се на возраст од 18, 21 и 25 години.
Црна хроника
Тешко повреден работник од Росоман

Во попладневните часови на 22 април во полициската станица Кавадарци лекари од општата болница во овој град пријавиле дека кај нив со тешки повреди бил донесен 40-годишниот П.В. од Росоман.
Според пријавата, тој со повредите се здобил околу 11:30 часот, додека извршувал работни задачи во фирма во селото Дабниште.
Полицијата извршила увид на местото на настанот.
Црна хроника
Скопјанец фатен со нож за време на полициски час

Синоќа околу 21 часот полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Центар го уапсиле 23-годишниот А.Ф. од Скопје, бидејќи кај него бил пронајден нож со што сторил прекршок од Законот за оружје.
Исто така, тој и не ги почитувал донесените мерки за забрана за движење по 20 часот.
По целосно документирање на случајот, против 23-годишникот ќе бидат поднесени соодветни пријави.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион1 недела
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?