Црна хроника
Килограм марихуана и куршуми пронајдени кај скопјанец

Четири најлонски кеси и две стаклени тегли во која била сместена марихуана биле пронајдени кај 38-годишен скопјанец, информираа надлежните.
Имено, денеска полициски службеници од СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога, по претходно добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје, извршија претрес во дом на С. Т. (38) во Скопје.
При претресот пронајдени се четири најлонски кеси со околу 800 грама марихуана и две стаклени тегли со околу 200 грама марихуана и седум куршуми.
Лицето, како што соопшти МВР е лишено од слобода и задржано во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
МВР со детали за несреќата на автопатот Скопје-Тетово, две лица се потешко повредени

Две лица се здобиле со тешки повреди во несреќата на автопатот Скопје-Тетово што се случи вчера.
Како што претходно објави „Макфакс“, автомобилот „рено“ се превртел откако излетал од патот, а со возилото управувала 20-годишна девојка од скопско Морани.
Во несреќата повредени се пет лица, од кои две потешко.
„Во несреќата, двајца сопатници во возилото Х.М(46) и 51-годишната Е.С. од истото село се здобиле со тешки, а возачот и другите двајца сопатници со телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница каде биле пренесени за укажување на лекарска помош“, велат од МВР.
На местото на несреќата, во координација со Јавен обвинител извршен бил увид.
Црна хроника
Маж ги нападнал сопругата и детето, друг го натепал братот – семејно насилство синоќа во Гостивар

Два случаи на семејно насилство во Гостивар биле пријавени синоќа во полицијата.
Како што објави СВР Тетово, во едниот случај маж ги нападнал сопругата и нивниот малолетен син, додека во вториот, гостиварец го натепал својот брат.
„Вчеравечер (31 мај) околу 21 часот и 25 минути, на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 36-годишниот Ф.А. од гостиварско село, кој бил пријавен од неговата 25-годишна сопруга дека половина час пред тоа физички ја нападнал неа и нивниот малолетен син. Ф.А. е задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок
Вчеравечер (31 мај) околу 21 часот и 20 минути, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 31-годишниот В.Б. од гостиварско село, кој бил пријавен од неговиот 28-годишен брат дека околу 21 часот во семејниот дом физички го нападнал. Се расчистува и документира случајот“, велат од СВР Тетово.
Црна хроника
Охриѓанец фрлил пакување со дрога и се обидел да ја уништи, полицијата го привела

Синоќа во 19.10 часот на крстосница од булевар „Македонски просветители“ со улица „Партизанска“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода С.Н.(54) од Охрид.
Тој, откако ги забележал полициските службеници, фрлил пакување со кафеава прашкаста материја и се обидел да ја уништи.
Од него било одземено ќесе со траги од кафеава прашкаста материја. Подоцна, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени дигитална вага и повеќе предмети со траги од кафеава прашкаста материја.
С.Н. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.