Црна хроника
Контролирани 18 пазари, на Бит-пазар пронајдени и одземени над 1.000 парчиња пиротехника
Во текот на вчерашниот ден, во периодот од 10 до 16 часот, на подрачјето на СВР Скопје е спроведeна акцискa контрола со цел спречување трговија и употреба на пиротехнички средства.
Од страна на единиците за внатрешни работи во соработка и содејство со Државниот пазарен инспекторат извршени се 10 контроли на пазари, а самостојно се контролирани осум пазари.
Воедно, извршени се контроли и на два парка, пет трговски центри, пет раскрсници и седум маркети, при што се пронајдени и одземени над 1.000 парчиња пиротехнички средства, сите на Бит-пазар. Од преземените дополнителни мерки и активности на наведените локации, констатирани се вкупно 62 прекршока од Законот за заштита на населението од заразни болести.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против маж од Врапчиште: со закана изнудил 5000 евра од негова роднина
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(84) од село во општина Врапчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда’’.
Во текот на јули 2025 година, пријавениот со закана побарал и добил 5000 евра од едно женско лице – негова роднина, а откако таа побарала да ѝ ги врати парите ја прекинал комуникацијата со неа.
Црна хроника
Инцидент во болница во Ѓорче Петров: Пациент физички нападнал вработена
Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, 56-годишната Д.Ѓ. од Скопје пријави дека околу 04:00 часот на работното место во здравствена установа на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице, кое се лекувало во установата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во Скопско: им се заканувал на ќерките, а се обидел да ја нападне сопругата, полицијата го уапси 56-годишникот
Вчера во 20:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 56-годишниот С.К. затоа што упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, а претходно со остар предмет упатувал закани и кон нивните две ќерки и притоа оштетил дел од покуќнината во семејниот дом.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

