Црна хроника
Контролирани 288 угостителски објекти во Скопје, двајца приведени
Во текот на новогодишната ноќ на подрачјето на СВР Скопје извршени се зајакнати контроли при што се контролирани 288 угостителски објекти. Од преземените мерки и активности не се констатирани неправилности при спроведување на протоколите во врска со Ковид-19.
„ Во текот на ноќта костатирани се осум прекршоци од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, а на 31.12.2020 во 18.40 часот на ул.„Иван Козаров“, пред угостителски објект, поради нарушување на јавниот ред и мир приведени се М.Н.(18) и И.Д.(18) и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Констатирани се и 29 прекршоци за неносење лична заштита.
На подрачјето на СВР Скопје во текот на новогодишната ноќ евидентирани се три пријави за прославување на новогодишната ноќ од поголема група луѓе, и тоа на подрачјето на Карпош во стан на бул.„Партизански одреди“, на подрачјето на Центар на бул.„Илинденска“ и на подрачјето на Бит Пазар, во Старата чаршија. По комплетно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“ се наведува во извештајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Починато машко лице пронајдено на автобуска постојка во Центар
Ноќеска во 00:05 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош Скопје е пријавено дека на автобуска постојка на подрачјето на Центар е пронајдено починато машко лице без документација, наверојатно бездомник.
Лекар констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.
Црна хроника
Му пукнала петарда во рака: тешко повреден 12-годишник во скопски Аеродром
Ноќеска во 23:26 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 12-годишник од Скопје.
Според пријавеното, околу 23:00 часот во парк на подрачјето на општина Аеродором во Скопје, на малолетникот му пукнала петарда во рака, која ја тргнал со рака да не му падне на глава, а била фрлена од негов соученик.
Црна хроника
Пијан скопјанец паднал од трговски центар: со тешки повреди е пренесен во болница
Синоќа во 20:14 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен И.Д.(30) од Скопје.
Според пријавеното, тој под дејство на алкохол паднал од висина од трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

