Црна хроника
Контролор на ЈСП Скопје претепан во автобус
Вчера во 19.20 часот во СВР Скопје, С.А.(44) од Скопје пријавил дека во 19.02 часот на работното место како контролор во автобус на ЈСП Скопје на подрачјето на Центар бил физички нападнат од едно машко лице кое немало билет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пронајден пиштол во Кисела Вода, уапсен скопјанец
Вчера во 21:00 часот во Скопје, на територија на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода 37-годишниот А.Г. од Скопје.
Полициските службеници на булеварот „Борис Трајковски“ запреле патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Г. и при преглед пронајден е пиштол со две рамки за пиштолот со 41 куршуми.
По документирање на случајот, против А.Г. ќе биде поднесен соодветен поднесок.
фото: МВР
Топ
Сакале насилно да влезат во затворена гостилница па го истепале сопственикот: 30-дневен притвор за двајца осомничени
Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека заеднички извршиле кривично дело – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.
На 18 јануари, по 1 часот по полноќ, осомничените агресивно и насилнички се обиделе да влезат во гостилница која веќе била затворена, со намера и по крајот на работното време таму да консумираат алкохол. Сопственикот не им дозволил, по што тие продолжиле со особено агресивни дејствија во дворот на угостителскиот објект, па физички го нападнале сопственикот и му задале повеќе удари по главата и телото. Го собориле на земја и му нанеле тешки телесни повреди – скршеница на десната рака и повреда на увото. Со ваквите насилнички дејствија осомничените предизвикале чувство на несигурност и страв кај уште неколку лица кои во моментот се затекнале во близина на објектот.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени. Судот го прифати предлогот и им определи притвор во траење од по 30 дена.
Црна хроника
Двајца малолетници нападнати од насилници со фантомки на стадионот „Борис Трајковски“
Двајца малолетници вчера биле нападнати од насилници со фантомки на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари.
Според информациите на МВР, вчера во 13:15 часот Е.О.(37) од Скопје пријави дека на подрачјето на Маџари нејзиниот малолетен син, кој бил заедно со уште двајца негови другари кои заминале на фудбалскиот стадион „Борис Трајковски“ да гледаат фудбалски натпревар, бил физички нападнат од неколку лица со фантомки, најверојатно малолетници, кои употребиле и тврди предмети, а двајца од нив снимале и со мобилен телефон.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

