Црна хроника
Крадци сечеле бакарни кабли од мрежата на „Телеком“ и предизвикале прекин на интернетот

Четири лица на возраст од 26 до 36 години биле уапсени на 4 јули од страна на припадници на полициските одделенија од Аеродром и Драчево поради сомнение дека се сторители на тешки кражби.
Како што информираат од МВР, со апсењето на С. Д. (29), Ф. А. (36), Е. З. (49) и С. Д. (26) се расчистени 16 кривични дела, а се работи на документирање уште на 17 кривични дела за кои исто така ќе има соодветни поднесоци, односно вкупно 33 кривични дела.
Кај уапсените се пронајдени предмети што потекнуваат од кражбите, меѓу кои електромотори, кабли и метални делови, кои се во сопственост на „Македонски железници“ и на „Македонски телеком“.
Со лицата бил извршен службен разговор, при што тие го појасниле начинот на извршување на делата посочувајќи ги деталите и точните локации на кои во периодот од 12 мај до 1 јули годинава ги направиле делата оштетувајќи ја инсталацијата на „Македонски телеком“ преку оштетување на шахтите и сечење и крадење бакарни кабли, притоа предизвикувајќи прекин на интернетот, ТВ и телекомуникациите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
(Фото) Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, уапсени три лица

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица во координација со Агенцијата за национална безбедност, а во согласност со своите законски овластувања, постапувајќи по наредба на јавен обвинител на 30.06.2025 во 18.30 часот на ул. „Климент Охридски“ во Струмица ги лишија од слобода Е.Б.(32) од село Попчево, струмичко и А.С.(39) и А.С.(24) од скопско.
При преглед на патничко возило „голф“ со фалсификувани регистарски ознаки, управувано од Е.Б., биле пронајдени шест торби со 100 пакувања марихуана, со вкупна тежина од околу 100 килограми.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.
По документирање на случајот, во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава и ќе бидат изведени пред судија од Основен суд Струмица, соопштија надлежните.
Црна хроника
Тројца повредени, меѓу нив и малолетник: „митцубиши“ управувано од 18-годишник излета од патот во Демир Капија

Синоќа во 22.50 часот во ОВР Неготино е пријавено дека на обиколницата во Демир Капија, патничко возило „митсубиши“ со демиркаписки регистарски ознаки, управувано од Н.Д.(18) од Демир Капија, излетало од коловозот.
Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека со телесни повреди се здобиле сопатниците Д.П.(19) и малолетник, двајцата од Демир Капија, констатирани во Општа болница Кавадарци.
Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Неготино.
Црна хроника
Три автобуси и комбе опожарени во близина на бензинска пумпа во Кочанско

Денеска (01.07.2025) во 02.30 часот во СВР Штип е пријавено дека кај бензинска пумпа во нас.Оризари, кочанско се опожарени три автобуси и едно комбе, сопственост на приватна фирма.
Пожарот е изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Штип. Повредени лица нема.
Полицијата соопшти дека во текот на денот ќе биде извршен увид од увидна екипа од ОВР Кочани.