Контакт

Топ

Кривична пријава за инспекторот што испука куршум додека си го чистел пиштолот

Објавено пред

Одделот за внатрешна контрола поднесе кривична пријава против инспекторот во СВР Тетово, кој испука куршум во канцеларијата додека си го чистел пиштолот, соопшти МВР.

Против Ш. С. е поднесена пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело предизвикување општа опасност.

Пријавениот, на 2 јуни, во просториите на СВР Тетово, поради невнимателно ракување со службениот пиштол, испукал еден куршум во својата канцеларија, при што никој не бил повреден.

Од страна на Одделот за внатрешна контрола поднесена е и иницијатива за поведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност на полицаецот.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Франција ќе донира двојно повеќе вакцини за сиромашните земји

Објавено пред

Францускиот претседател, Емануел Макрон, најави дека Франција ќе им даде 120 милиони дози од вакцината против коронавирус на сиромашните земји, двојно повеќе отколку што беше претходно најавено, објави француската новинска агенција „Франс прес“.

„Неправедно е што вакцинацијата заостанува многу на другите континенти. Во Африка, едвај 3 проценти од населението е вакцинирано, мораме да дејствуваме побрзо“, рече Макрон во видео обраќање.

И Соединетите Американски Држави во средата објавија планови за двојно зголемување на количината на вакцини што имаат намера да ја донираат за сиромашните земји, така што САД ќе донираат 1,1 милијарда дози, со што американскиот претседател Џо Бајден јасно дава до знаење дека сака да го предводи глобалниот одговор на пандемијата на коронавирус.

Европската Унија, со која САД имаат намера тесно да соработуваат, ќе дистрибуира повеќе од 500 милиони дози.

Кинескиот претседател Си Џинпинг во видео порака до ОН објавена во вторникот рече дека „обезбедувањето фер и правична распределба на вакцините низ целиот свет е итен приоритет“.

Тој најави дека Кина има намера да достави вкупно две милијарди дози вакцина до светот до крајот на годината.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Воз излета од пругата во САД, најмалку тројца загинати

Објавено пред

Најмалку три лица загинаа, а десетици се повредени кога воз излета од пругата во Монтана, САД.

Националниот одбор за безбедност во сообраќајот соопшти дека го истражува инцидентот.

Во возот што сообраќал кон Сиетл, во моментот на несреќата имало околу 16 членови на персоналот и 141 патник.

„Њујорк тајмс“ според свои изори, пишува за најмалку 50 повредени лица.

Причината за несреќата се’ уште не е позната.

Прикажи повеќе...

Регион

Труење, па давање е најверојатно причината за смртта на децата кои беа убиени од нивниот татко во Хрватска

Објавено пред

Децата што во Хрватска беа убиени од страна на нивниот татко – Австриецот, Харалд Копиц, најверојатно првично биле отруени, пишуваат хрватските медиуми.

Според неофицијални информации, кај нив имало и траги од давење, па истражителите веруваат дека таткото прво ги отрул, а потоа ги давел. Конкретната причина за смртта, сепак, ќе ја даде обдукцијата на телата.

Прошталното писмо што таткото го поставил на „Фејсбук“ алармирало негов пријател кој ја повикал полицијата.

Таткото кој го преживеа обидот за самоубиство, и во моментот се наоѓа во болница каде го чува полицијата. Му се заканува затворска казна од 50 години, пишуваат хрватските медиуми.

Австриските медиуми наведуваат дека водел двоен живот, ја посетувал „црвената четврт“ и конзумирал дроги. Често зборувал дека е во депресија и изразил сомнеж дека децаат воопшто не се негови.

Мајката вчера му ги оставила децата како што било вообичаено во викендите и заминала на службено патување во Дубровник.

Ова е едно од најгрозоморните повеќекратни убиства во Хрватска. Зa случајот пишуваат и регионалните и светските медиуми.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа39 минути

Франција ќе донира двојно повеќе вакцини за сиромашните земји

Францускиот претседател, Емануел Макрон, најави дека Франција ќе им даде 120 милиони дози од вакцината против коронавирус на сиромашните земји,...

Свет52 минути

(Видео) Воз излета од пругата во САД, најмалку тројца загинати

Најмалку три лица загинаа, а десетици се повредени кога воз излета од пругата во Монтана, САД. Националниот одбор за безбедност...

Регион1 час

Труење, па давање е најверојатно причината за смртта на децата кои беа убиени од нивниот татко во Хрватска

Децата што во Хрватска беа убиени од страна на нивниот татко – Австриецот, Харалд Копиц, најверојатно првично биле отруени, пишуваат...

Европа2 часа

Германија бира наследник на Меркел

Околу 60,4 милиони Германци денеска на федералните избори, имаат можност да одлучат за идниот состав на парламентот, и индиректно за...

Македонија2 часа

Од утре изборна кампања

Од утре стартува изборната кампања за Локалните избори што се закажани на 17 октомври. Кампањата ќе заврши на 15 октомври...

Македонија18 часа

Регистрирани 392 нови случаи на коронавирус, починаа 20 лица

Во последните 24 часа направени се 4.633 тестирања, а регистрирани се 392 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 180, Куманово...

Македонија20 часа

Заев за виенски „Стандард“: ЕУ треба да го забрза процесот на донесување одлуки

„Понекогаш членките на ЕУ ја забораваат причината зошто работиме заедно, а тоа е затоа што сме заемно корисни. ЕУ е...

Европа20 часа

(Видео) Ерупцијата на вулканот на шпанскиот остров влезе во најинтензивната фаза

Реки лава течеа низ вулканот на шпанскиот остров Ла Палма ноќта помеѓу петокот и саботата, поради што локалниот аеродром беше...

Регион1 ден

Татко си ги задавил трите деца во Загреб, oставил писмо на „Фејсбук“

Три малолетни деца биле задавени од страна на нивниот татко во стан во Загреб, во населбата Млинови. Полицијата на местото...

Европа1 ден

Кој ќе ја наследи Меркел: Изборите се неизвесни, постизборните сојузи се уште понеизвесни

Околу 60,4 милиони Германци в недела, 26 септември на федералните избори, имаат можност да одлучат за идниот состав на парламентот,...

Македонија1 ден

Заклучен избирачкиот список, кампањата почнува в понеделник

Државната изборна комисија го заклучи избирачкиот список, со што од понеделник почнува кампањата за локалните избори закажани на 17 октомври....

Македонија1 ден

Досега се попишани околу 1,4 милион граѓани, пописот ќе заврши во четврток

Заклучно до вчера до 12 часот попишани се вкупно 1.395.000 граѓани, над 435.000 домаќинства и над 600.000 станови, а се...

Македонија2 дена

Нови 525 случаи на коронавирус, починаа 12 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 525 нови случаи на коронавирус, 449 оздравеа, а 12 лица починаа, информира...

Македонија2 дена

Осумдесет oтсто од хоспитализираните со Ковид-19 се невакцинирани

Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани од позитивни случаи на Ковид-19 во периодот од 6 август заклучно со...

Македонија2 дена

Еврејската заедница во Македонија смета дека со бришењето на терминот „бугарски“ се искривува историската вистина

Eврејската верска заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија велат дека не се согласуваат со намерата за бришење...

Европа2 дена

Норвешка од утре ги укинува сите ковид-мерки

Норвешка ќе ги укине сите рестриктивни мерки воведени поради пандемијата на коронавирус, објави владата. „Поминаа 561 ден откако ги воведовме...

Европа2 дена

„Епл“ реагира на одлуката дека во ЕУ ќе мора да има универзален полнач за сите мобилни телефони

Европската Унија денеска објави дека ќе нареди воведување на универзални полначи за мобилните телефони. Овој потег го налути „Епл“, кој...

Топ2 дена

Работник од Скопје почина при пад од зграда во изградба

Градежен работник паднал и починал додека работел на зграда во изградба во Гази Баба. Според информациите, се работи за М.Ц....

Македонија2 дена

Јавни обвинители ќе следат дали има нерегуларности на локалните избори, формирана е привремена комисија

Јавниот обвинител донесе одлука за формирање привремена Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со локалните избори закажани за 17...

Македонија2 дена

Притвор за кумановската докторка која барала поткуп од 200 евра од пациенти за да ги оперира

Кумановското обвинителство поведе постапка против кумановска докторка на возраст од 51 година, вработена во „Општа болница Куманово“- очно одделение, поради злоупотреба...

Досие