Црна хроника
Кривична пријава за угостител од Боговиње, ги прекршил ковид-мерките

Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А(31) од Боговиње и правно лице – угостителски објект од с.Горно Седларце, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.
На 29/30.5.2021, полициски службеници на СВР Тетово извршиле контрола во објектот и затекнале 18 вработени женски лица и 35 гости за време на забрана за работа на затворените простории на угостителските објекти, како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
МВР со детали за сообраќајката во Чаир: Тешки повреди има 18-годишниот возач на моторциклот
Црна хроника
Маж од Струмица загина работејќи на сопствената нива

Педесет и осумгодишен маж од селото Сачево, Струмичко загина додека извршувал земјоделски работи со трактор на сопствената нива.
Според информациите од полицијата, во нивата имало редови со метални цевки за фолии. Мажот се здобил со повреди, по што починал на местото на настанот.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт.
Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Струмица, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството.
Црна хроника
Три лица повредени кај Штип кога комбе излета од автопатот

Три лица се здобија со повреди, од кои едно со тешки повреди вчера на автопатот Миладиновци- Штип.
„Товарно моторно возило “форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.С.(31) од с.Елово-општина Студеничани, излета надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Џ.Џ.(38) од с.Црн врв, а со телесни повреди се здобиле возачот и сопатниците Н.Ш.(36) од с.Елово и И.С., констатирани во Клиничкиот центар Штип“, соопши МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа.