Црна хроника
Кривична пријава против велешки дилер на хероин

Велешката полиција поднесе кривична пријава против 34-годишен дилер од овој град за кој постои сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.
Како што информираат од МВР, на 29 јануари годинава на улицата Љубљанска, полициски службеници го забележале пријавениот Д.Д. како продава дрога на Д.А..
Купувачот со такси дошол до куќата на пријавениот дилер, по што возилото било сопрено и кај него бил пронајден и одземен хероинот, кој го купил непосредно пред тоа.
По ова, бил извршен претрес во домот на пријавениот и бил пронајден и одземен хероин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Поранешниот прилепски градоначалник осомничен за криминал со државно земјиште

Против поранешниот градоначалник на Прилеп, Марјан Ристески и уште осум лица, како и против две правни лица, поднесена е кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување, информираат од МВР.
Обвинетите, меѓу кои се Ристески, државен правобранител, нотар и раководители од Прилеп во својство на одговорни лица, со пречекорување на своите овластувања, а со намера да овозможат противправна имотна корист за правното лице од Прилеп, во 2012 и 2013 година отуѓиле градежното земјиште сопственост на државата, со што е предизвикана штета на Буџетот во износ од 7.749.698 денари.
Обвинението, како што информираат од МВР, е поднесено против М.Р. (49) – тогаш во својство на градоначалник на општина Прилеп, И. Ч. (70) – раководител на Одделение за урбанизам во општина Прилеп, И. К. (65) – раководител на Сектор за урбанизам во општина Прилеп, В. Ј. (63) Државен правобранител – Прилеп, Т. М. (63) – нотар, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување, М. З. (54) – Претседател на Комисијата при општина Прилеп, Ж. С. (70) – раководител на Одделение за катастар и недвижности, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела злоупотреба на службена положба и овластување и давање лажен исказ, Г. Б. (57) – еден од основачите на фирма од Прилеп – купувач на спорните парцели и тужител, како и основач и управител на правно лице од Прилеп, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела злоупотреба на службена положба и овластување, фалсификување на службена исправа и поднесување на лажни докази, Р. П. (56) – вработен во правното лице од Прилеп како изготвувач на геодетските елаборати и за изработка на ДУП поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела злоупотреба на службена положба и овластување и фалсификување на службена исправа, правно лице од Прилеп, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело давање на лажен исказ и друго правно лице од Прилеп, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела фалсификување или уништување на деловни книги и давање на лажен исказ.
„Пријавените во својство на одговорни лица со пречекорување на своите овластувања, а со намера да овозможат противправна имотна корист за правното лице од Прилеп, во 2012 и 2013 година, со електронско наддавање каде како продавач се јавува општина Прилеп на градежни парцели ГП од КО Прилеп, а како купувач се појавува правно лице од Прилеп, противправно – со лажни имотни листови во кои не постои податок за правото на користење на земјиштето на Министерството за одбрана кое е запишано уште од 01.10.2009 година, а за што од проверките било констатирано дека сите инволвирани лица знаеле дека се лажни и свесно не ја оспориле нивната валидност во сите постапки, постапувајќи најпрво од онаа при припремата на објавата за продажбата на градежното земјиште, давањето на согласностите од страна на Државно правобранителство – Прилеп, а потоа и во постапката пред суд по поднесената тужба за надомест на штета, а ниту пак е поведена постапка пред надлежен суд, на кој начин е отуѓено градежното земјиште сопственост на државата, а врз кое корисник било Министерството за одбрана, а со кои дејствија по заведен судски спор пред Основен суд Прилеп од купувачот правно лице од Прилеп против ПМ за надомест на штета, исплатени се парични средства по правосилна Пресуда на име уплатен надомест за градежно земјиште, ‘надомест на штета’ и камати во износ од 19.191.800 денари од буџетот на Република Северна Македонија, а трите парцели биле отуѓени од страна на општина Прилеп по вкупна цена од 11.442.102 денари, по што на ваков начин предизвикана е штета на Буџетот на Република Северна Македонија во износ од 7.749.698 денари“, информираат од МВР.
Од таму додаваат дека во 2013 година, од страна на општина Прилеп, било издадено одобрение за градење на правно лице од Прилеп за изградба на станбена зграда со деловен простор на друга локација во градот при што бил склучен договор за плаќање на надоместокот за уредување на градежното земјиште на 11 месечни рати, а платена е само првата рата, а самиот Договор нема предвидено одредби за заштита од неплаќање на долгот, ниту пак истото е укинато, на кој начин противправно му е овозможено на истото правно лице од Прилеп да врши градежни работи без да го плати утврдениот надоместок – а што е спротивно на одредбите предвидени во Законот за градење.
„Плаќањето на надоместокот за уредување на градежното земјиште е извршено во 2016 година вез основа на судска пресуда по тужбата за продажба на градежни парцели“, се наведува во соопштението на МВР.
Црна хроника
Прилепчанец зел државен грант за да основа фирма, но парите ги потрошил за други цели

Прилепската полиција поднесе кривична пријава против извесен Д. С. (38), како и против фирма од Прилеп поради сомнение за сторени кривични дела – измама при добивање кредит или друга погодност.
Како што информираат од МВР, 38-годишникот во текот на 2016 година како невработено лице, со намера да стекне противправна корист, поднел апликација за активна мерка и пријава за користење грант.
По одобрување на апликацијата, основал фирма од Прилеп и склучил договор со Агенцијата за вработување и УНДП по што искористил средства за директна набавка на опрема и материјали во вредност од 185.000 денари на штета на државниот буџет, меѓутоа спротивно на договорот и обврските воопшто не реализирал финансиски трансакции и исплата на бруто-плати, а фирмата по службена должност од страна на Централниот регистар во текот на 2019 година била ликвидирана.
Топ
Џудо-федерацијата лани му ја одзела лиценцата на тренерот осомничен за полови злоупотреби на ученички

Четириесет и шестгодишниот тренер по џудо од Прилеп, кој се сомничи за полови злоупотреби на малолетнички што му биле ученички, бил на дисциплинска постапка од Македонската џудо-федерација за злоупотреба на официјални документи.
„Во врска со последните случувања поврзани со обвинувањата за малтретирање малолетнички од тренер по џудо, згрозени сме од информациите во јавноста и очекуваме брзо разрешување на случајот. Веруваме дека истрагата целосно ќе го расветли случајот за што како Федерација целосно сме им на располагање на истражните органи.
Посочениот тренер одамна не е член на Федерацијата и уште минатата година беше дел од дисциплинска постапка поради злоупотреба на официјален документ испратен од Светската џудо-федерација, како и поради прекршување и непочитување на Статутот и други мерки и протоколи. Поради оваа дисциплинска постапка, одземена му е лиценцата за тренер по џудо и исфрлен е од Џудо-федерацијата на Македонија за што официјално беа известени сите надлежни институции вклучувајќи ја и Агенцијата за млади и спорт“, информираат од Федерацијата.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот