Црна хроника
Кривична пријава против шестмина за нелегално регистрирање и префрлување возило

Секторот за внатрешни работи Велес поднесе кривична пријава против З.Р.(36) од Неготино за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, против С.Н.(66) од село Чифлик, Демир Капија, за сторени кривични дела -„поттикнување во врска со несовесно работење во службата“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“, против Т.М.(26) и А.С.(53), двајцата од Скопје за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, против С.С.(41) и С.А.(53), двајцата од Скопје за сторено кривично дело „соизвршителство во врска со употреба на исправа со невистинита содржина“.
Првопријавениот, како референт за возила и возачи во Одделение за управни работи Неготино издал дозвола за регистрација на патничко моторно возило „БМВ 745 L/ GL63”, на име на второпријавениот, и покрај тоа што истиот не поседувал соодветна документација.
Второпријавениот приложил лажна исправа во Бирото за метрологија при Министерството за економија – Скопје.
Трето и четвртопријевениот лица, вработени во „АМСМ – услуги“ – Центар за возила -Скопје, во барањето за согласност за регистрација на наведеното возило навеле лажни податоци за барателот на согласноста.
Петто и шестопријавениот, кај нотар, дале лажна изјавата за идентитетот на второпријавениот со што на истиот му овозможиле да го употреби таквиот документ во Бирото за метрологија при Министерството за економија-Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
20-годишна девојка загина во Бутел, паднала од зграда

Дваесетгодишна девојка вчера била пронајдена на плочник пред зграда на подрачје на Бутел.
Девојката со иницијали С.Д.(20) од Скопје била затекната со тешки телесни повреди здобиени при пад од зградата.
„Таа била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде на 10.06.2023 во 00.30 часот починала“, велат од МВР.
Увид бил извршен и за настанот бил известен јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Возрасен тетовец се самозадоволувал пред малолетник и се обидел да го силува

Тетовската полиција го приведе Р.Л.(41) од тетовско село.
Од МВР велат дека тој се сомничи оти се самозадоволувал пред малолетник од селото и се обидел да изврши обљуба врз него.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Дете нападнато од неколку лица во автобус на ЈСП

Дете од селото Кучевиште било нападнато во автобус на ЈСП од страна на неколку лица.
Случајот во полицијата го пријавил таткото на детето.
„На 10.06.2023 во 01.20 часот во СВР Скопје, Б.К.(44) од с.Кучевиште, скопско, пријавил дека на 09.06.2023 околу 11.30 часот во автобус на ЈСП, кој сообраќал на релација од населба Бутел кон Капиштец, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку лица“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.