Црна хроника
Кривична против маж од Кочани, со туѓа картичка подигнал 130 илјади денари од банкомат
СВР Штип поднесе кривична пријава против 41-годишниот Б.И. од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски системи“, извести МВР.
„На 08.06.2024, пријавениот во три наврати искористил податоци од банкарска картичка на лице од Македонска Каменица и од банкомат подигнал пари со што се здобил со противправна имотна корист во износ од 130.000 денари“, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Возачот кој ја усмрти Фросина на „Партизанска“ возел под дејство на алкохол, без возачка и поминал на црвено светло
Дваесетгодишникот кој синоќа усмрти 22-годишна девојка на Партизанска, управувал возило на неговиот татко, без возачка дозвола, а бил и под дејство на алкохол.
Скопското Обвинителство донесе наредба за истражна постапка.
„Автомобилот го управувал без возачка дозвола и под дејство на алкохол со 0,82 промили присуство на алкохол во урина, со што го довел во опасност животот на луѓето. Кога дошол пред обележан пешачки премин на крстосницата со ул.„29-ти Ноември“, не ја приспособил брзината на движење на возилото спрема својствата и состојбата на патот и сообраќајот и другите сообраќајни услови за да може навремено да го запре возилото пред секоја пречка. Пред пешачкиот премин регулиран со семафори кои за време на незгодата работеле исправно, продолжил со движење на вклучено црвено светло на семафорот и со предниот лев дел од возилото удрил во телото на пешакот-жртва Фросина Кулакова, која на обележан пешачки премин попречно ја преминувала коловозната лента. Од ударот оштетената се здобила со тешки телесни повреди од кои на лице место починала“, велат од Обвинителството.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Црна хроника
Со бензин запалил паркирано возило: уапсен прилепчанец
СВР Битола- ОВР Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп, поднесе кривична пријава против С.С.(36) од Прилеп.
Tој се сомничи за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност” по член 288 од Кривичниот законик.
На 25.01.2025 околу 22.30 часот на ул.„Пенка Котеска“ во Прилеп, пријавениот со бензин предизвикал пожар во паркирано патничко возило „фолксваген шаран” со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Г.Ј.(49) од Прилеп.
По преземени мерки и активности, на 29.01.2025 во 12.00 часот С.С. бил пронајден и лишен од слобода, по што му е поднесена пријавата.
Црна хроника
Полицаец при преглед на автоматска пушка испукал куршум во таванот
Вчера во 12.30 часот во просторијата за технички преглед во СВР Велес, полициски службеник од Полициската станица Велес, при технички преглед на лично и формациско оружје, од автоматска пушка испукал еден куршум во таванот на просторијата, во која биле уште двајца полициски службеници.
Полицијата соопшти дека нема повредени лица, а за настанот бил известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.