Црна хроника
Кривична против маж од Струга, истепал вработена во струшката општа болница
Надворешна канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 53-годишниот А.Н. од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“, извести МВР.
„На 29.02.2023 во Општа болница Струга, пријавениот физички ја нападнал вработената Р.Н.(22) од Струга и ѝ нанел повреди“, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се судрија „ситроен саксо“ и запрежна кола: тешко повредена жена
Во СВР Велес, синоќа, во 20.10 часот, било пријавено дека на регионалниот пат Велес – с. Извор се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ситроен саксо“, со велешки регистарски ознаки, управувано од П. М. (44) од Велес, и запрежноа кола, управувана од Л. Ц. (64) од с. Извор, општина Чашка.
Во несреќата тешки телесни повреди добила Л. Ц., констатирани во Општата болница во Велес.
Извршен бил увид од екипа на СВР Велес.
Црна хроника
Кумановка тешко повредена по удар од автомобил
Вчера во 17.15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„11 Ноември“ во Куманово, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.А.(27) од Куманово, удрило во Р.С.(56) од Куманово.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Р.С., констатирани во Општата болница Куманово.
Полчицијата соопшти дека бил извршен увид од увидна екипа од СВР Куманово.
Црна хроника
Загина 42-годишен маж од Делчево: со возилото излетал од патот
Синоќа во 22.20 во Полициската станица Виница било пријавено дека на магистралниот пат Македонска Каменица – Виница, на место викано „Каменолом“, патничко возило „фолксваген тигуан“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(42) од Делчево, излетало од коловозот.
На местото на несреќата од здобиените повреди починал возачот.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, информира полицијата.
Сопатникот Д.Г.(33) од Делчево се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Виница.