Црна хроника
Загина 42-годишен маж од Делчево: со возилото излетал од патот
Синоќа во 22.20 во Полициската станица Виница било пријавено дека на магистралниот пат Македонска Каменица – Виница, на место викано „Каменолом“, патничко возило „фолксваген тигуан“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(42) од Делчево, излетало од коловозот.
На местото на несреќата од здобиените повреди починал возачот.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, информира полицијата.
Сопатникот Д.Г.(33) од Делчево се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Виница.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
За пари, син со нож му се заканувал на таткото во Велешко
Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против лице од селото Раштани за кое постои сомнение дека сторило кривично дело – Загрозување на сигурноста според член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот, при вршење семејно насилство, ја загрозил сигурноста на неговиот татко, со сериозна закана дека ќе нападне по неговиот живот.
На 18 мај, осомничениот влегол во кујната и побарал 3.000 денари од неговата мајка, кажувајќи и дека мора да ги најде парите. На тоа реагирал таткото кој му забележал дека е срамота постојано да бара пари од нив, по што осомничениот зел кујнски нож и му се заканил на таткото дека ќе го убие ако се меша.
Со тоа кај оштетениот предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.
Имајќи предвид дека ваквото однесување на осомничениот се повторувало и претходно, меѓутоа родителите не пријавувале во полиција, јавниот обвинител одлучи до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Велес да поднесе предлог за определување мерка притвор.
Судот го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 8 дена.
Син со нож му се заканувал на таткото: Барал пари од родителите
Црна хроника
Приведен крадец во Охрид, одземеното вратено на сопственикот
Вчера во 23.20 часот на улица „Ирина Мирка Гинова“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Т.(36) од Охрид.
Тој бил затекнат при извршување кражба во продажен објект на истата улица, при што одзел повеќе производи. Одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот.
Лицето е здржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Тешко повреден мотоциклист, излетал со возилото на патот Струга – Дебар
Вчера, во 21.20 часот, во ОВР Струга пријавено е дека на регионалниот пат Струга – Дебар, во близина на Струга, мотоцикл „кавасаки“, со струшки регистарски ознаки, управуван од В. М. (26) од Струга, излетал од патот.
Во несреќата мотоциклистот добил тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Струга.
Увид на местото извршила екипа од ОВР Струга.