Црна хроника
Кривична против управител на фирма за загрозување на животната средина со отпад
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против 52-годишниот скопјанец Ф. И. за кривично дело загрозување на животната средина со отпад и против правно лице, каде што првопријавениот е управител, поради сомнение за истото кривично дело.
Како што информираат од МВР, на 14 февруари годинава, при извршена контрола од страна на полициски службеници од ЕЕКК и инспектори од Државниот пазарен инспекторат, утврдено било дека првопријавениот како управител, во име и за сметка на второпријавеното правно лице, во нерегистриран склад за откуп и продажба на секундарни суровини лоциран во општина Гази Баба, Скопје, неовластено тргува со отпад, без да поседува дозвола од Министерство за животна средина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

