Топ
Кумановец организирал семејна веселба со 30 гости и пукал со оружје

Дваесет и петгодишен кумановец (В.Б.) во семејната куќа во селото Лопате организирал семејна веселба и пукал со оружје.
Полициски службеници од СВР Куманово во координација со јавен обвинител извршиле увид на местото на настанот, каде затекнале околу 30 гости, а пронајдени се и чаури.
„Поради постоење на основано сомнение дека В.Б. сторил кривични дела „непостапување според здравстеви прописи за време на епидемија“ по член 206 и „предизвикување општа опасност“ по чл. 288 од КЗ, по целосно документирање на случајот до надлежното обвинителство ќе биде поднесена кривична пријава“, информираат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Локалната власт е одговорна за одржување на депонијата во Струга, порача Министерството за животна средина

Министерството за животна средина и просторно планирање потсетува дека управувањето со комуналниот отпад е законска обврска на општините.
Од таму додаваат дека согласно Националниот план за управување со отпад 2021–2031 и регионалните планови, општините се должни да обезбедуваат собирање, транспортирање, селекција и расчистување на отпадот на нивната територија.
„Во моментот се работи на воспоставување на регионален центар за обработка и систематизирање на отпад, кој ќе обезбеди трајно и системско решение за управување со отпадот во регионот.
Сепак, додека овој центар не биде изграден и ставен во функција, општина Струга има должност редовно да ја одржува и исчисти постојната депонија, со цел да се спречат дополнителни еколошки и здравствени ризици и да се обезбеди минимален стандард на заштита на животната средина и здравјето на граѓаните“.
Министерството за животна средина и просторно планирање останува достапно за поддршка во рамки на своите надлежности, но одговорноста за редовното управување и одржување на депонијата е на локалната самоуправа, потенцираат во соопштението.
Македонија
Спирометрија, ЕКГ и други испитувања денес и утре ќе им се прават на жителите на Трубарево: многумина одбија да се евакуираат за време на пожарот, вели министерот Алиу

Денес и утре, во периодот од 10 до 16 часот, две екипи од Клиниката за пулмологија со амбулантни возила ќе им прават проверка на дишните патишта на жителите на Трубарево и околината по големиот пожар во фабриката за рециклирање пластика и електронски отпад. Министерот за здравство Азир Алиу вели дека за скринингот подготвиле прецизно утврден протокол.
„Скринингот го правиме затоа што сакаме како Министерство и како институции да бидеме сигурни дека граѓаните што се движат во тој регион немаат здравствени проблеми со дишните патишта. И тогаш некои од нив не сакаа да се евакуираат привремено надвор од тој простор, блиску до пожарот. По скринингот, в сабота и в недела, ако лекарите утврдат дека има потреба понатаму да се третираат нашите граѓани, тие ќе се третираат тука, на Клиниката за пулмологија. Идејата на скринингот е, прво, да бидеме сигурни дека граѓаните од тој дел немаат таков тип на проблеми, а второ, ако имаат, навреме да се интервенира од наша страна. Тоа е надлежност на нашето Министерство и ние мора да се грижиме и навремено да спречиме ако има нешто кај оваа популација“, рече министерот Алиу.
Амбулантните возила со екипите од Пулмологија се поставени пред маркетот „Бренд“ и во близина на маркетот „Флорида“ во Трубарево. На преглед може да дојдат сите жители на Трубарево и околните населени места, особено оние што забележуваат тешкотии при дишењето или имаат симптоми на заболување на дишните патишта. Мобилните екипи во амбулантните возила ќе им направат комплетен клинички преглед, спирометрија, ЕКГ и други испитувања потребни за проверка на состојбата на дишните патишта.
Македонија
Арсовска до Мицкоски: Им се извинувам на граѓаните што сум мислела дека си чесен, професор и интелектуалец не знаејќи каков навистина си

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, со реакција по изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека чуствува одговорност што ја поддржал Арсовска и најави дека за сегашната состојба поради која градот е затрупан со ѓубре ќе има одговорнсот.
„Мицкоски, несреќо, јас завршувам со борбата во која твојот претседател на Советот на Град Скопје и твоите советници 4 години го блокираа и урнисаа градот: не гласаа за нови автобуси, не гласаа за бесплатен превоз, не дозволија да се набави нова механизација за да се чисти ѓубрето, не гласаа ништо во интерес на граѓаните за да биде задоволена твојата суета.
Ни за вработување нови пожарникари ни за нови противпожарни возила не им рече да гласаат“, пишува Арсовска во својата реакција.
Ако сакаше да има одговорност, требаше, додава таа, твоите советници да дадат оставка, за сега ти, заедно со нив, да не си директно одговорен за хаосот во Скопје.
„Еве сега и јас им се извинувам на граѓаните што сум мислела дека си чесен, професор и интелектуалец не знаејќи каков навистина си.
Администрација во Град Скопје јас не ја донесов, работев со луѓе што се професионални, вредни и го сакаат градот за разлика од вас, тоа се луѓе што вие и таквите како вас ги вработиле во изминатите 30 години.
И за крај, ти и твојата администрација имате одговорност затоа што:
– над 60 деца без вина ви настрадаа во Кочани и ништо не презедовте;
– ви изгоре половина држава за да си прави некој простор за фотоволтаици;
– ви изгоре отпад во Трубарево, екокатастрофа, пред очите на сите твои институции, кои не реагираат;
– убиства ви се случуваат пред очи секој ден;
– убиваат жени, кои тебе и твојот министер Тошковски во очај ве молеле за помош.
Арсовска дополнително прашува дали ќе има одговорност за над 150 небезбедни нелегални дивоградби висококатници, кои секој момент може да се срушат во Чаир.
Оди скриј се и молчи!
Отпадот ќе се исчисти за една недела бидејќи тебе ќе ти треба успешен градоначалник, фирмичките приватни ви се подготвени за акција, ама животите и здравјето на невините за кои си ти одговорен нема да ти ја исчистат совеста!
П. с. Луке, бргу смислувај нов постер за Мицкоски да дефокусира, да глуми жртва и да бега од новинарски прашања“, додава во напишаното Арсовска.