Црна хроника
Кумановец фатен со кокаин и лажен ПЦР-тест на Табановце
Кумановската полиција во попладневните часови на 21 септември привела 27-годишен жител на овој град, со иницијали О. Џ.
Како што информираат од МВР, при контрола извршена од полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција на граничниот премин Табановце кај него бил пронајден кокаин.
Исто така, било утврдено дека при пасошката контрола приложил фалсисфикуван негативен ПЦР-тест.
По целосно документирање на случајот, против 27-годишникот ќе бидат поднесени соодветни пријави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повреден мотоциклист по судир со возило во Скопско
Вчера околу 15:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Јурумлери, скопско, на крстосница од регионален пат Скопје-Велес и општински пат с.Јурумлери-с.Долно Лисиче се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.И.(44) од Скопје и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од М.П.(33)од с.Идризово, скопско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
17-годишнo девојче нападнато од нејзин соученик во Карпош: подолг период психички ја малтретирал
Синоќа во 19:15 часот во СВР Скопје, О.С.(45) од Скопје пријавил дека околу 14:30 часот во средно училиште на подрачјето на Карпош, неговата 17-годишна ќерка била физички нападната од нејзин соученик.
Тој според пријавеното подолг период психички ја малтретирал.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Татко се обидел да ја спаси малолетната ќерка која ја држеле за врат: бил нападнат со кундак од пиштол
Утрово во 01:45 часот во СВР Скопје, Н.Ш.(41) од с.Кондово, скопско, пријавил дека на 18.05.2026 околу 21:30 часот пред неговиот дом Б.И.(18) физички го нападнал, го удрил со кундак од пиштол и му нанел повреда.
Според пријавеното, претходно во текот на денот неговата малолетна ќерка имала расправија со друга малолетничка.
Откако забележал дека во наведеното време Б.И. со уште едно лице ја држат неговата ќерка за врат, се обидел да ги спречи, по што Б.И. го нападнал со кундак од пиштол.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
