Контакт

Црна хроника

Лице што се барало за издржување затворска казна извршилo полови дејства над 15-годишно девојче

Објавено пред

37-годишен скопјанец пријавил полови дејства над својата 15-годишна ќерка од страна на 39-скопјанец, кој полицијата го барала поради претходно извршени кривични дејства за кои требало да издржува и казна затвор.

Како што соопштуваат од МВР, полицијата успеала да го пронајде 39-годишниот скопјанец, кој сега се наоѓа во полициска станица.

Од полицијата додаваат дека се преземаат сите мерки за целосно расчистување на настанот.

 

 

Црна хроника

Автомобил прегази шестгодишно дете во Сингелиќ

Објавено пред

Вчера на улицата „Алија Авдовиќ“ во Скопје, патничко возило со скопски регистарски ознаки, управувано од 46-годишен маж од село Сингелиќ, скопско, удрило во шестгодишно дете од селото.

Детето се здобило со тешки телесни повреди и со друго возило било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му била укажана лекарска помош.

Полицијата извршила увид.

Прикажи повеќе...

Топ

Трактор и три возила се судрија кај Струмица

Објавено пред

Сообраќајка помеѓу трактор и три возила се случила синоќа на магистралниот пат Струмица-Граничен премин „Ново Село“, на место викано „Леска“.

МВР соопшти дека во сообраќајката учествувал трактор со струмички регистарски ознаки, управуван од Ј.З.(40) од Ново Село, патничко возило „форд фокус“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од М.К.(55) од село Секирник, патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од В.Т.(50) од Струмица и патничко возило „фолксваген шаран“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од И.И.Р.(50) од Петрич, Република Бугарија.

Со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот, кој по укажаната лекарска помош со амбулантно возило бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Додека, со телесни повреди се здобиле возачот на возилото „форд фокус“ и сопатникот во истото возило, С.В.(55) од Струмица. Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.

Прикажи повеќе...

Топ

Сообраќајна несреќа на улица во Скопје, меѓу повредените и деца

Објавено пред

Пет лица со повреди биле пренесени во болница по сообраќајна несреќа што се случила вчера на улицата „Кемал Сејфула“ во Скопје.

Во несреќата учествувале „југо“ и „пежо“, управувани од скопјани, а во второто возило имало и деца на возраст од десет и осум години.

Полицијата соопшти дека децата, возачот и совозачот на „пежото“ со возило на Итната медицинска помош биле пренесени во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде им биле констатирани телесни повреди и им била укажана лекарска помош.

Кај триесет и седумгодишниот возач на „југото“ биле констатирани тешки телесни повреди и со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Градската болница „Св.Наум Охридски“.

Прикажи повеќе...

Најново

Избори 20191 час

ДИК: Гласањето тече без проблеми, се гласа и во два старечки дома

До овој момент гласањето тече без проблеми, оценија од Државната изборна комисија на прес-конференција информирајќи за гласањето на болните, затворениците,...

Европа2 часа

Уапсени две лица за убиството на новинарката во Северна Ирска

Две момчиња на возраст од 18 и 19 години се упасени во врска со убиството на новинарка за време на...

Свет3 часа

Напад на семејна прослава во Мексико, 13 мртви и тројца повредени

Непознати напаѓачи убиле 13 лица за време на упад на семејна прослава во Веракрус, во источниот дел на Мексико, соопштија...

Избори 20193 часа

Поради изборите МВР ќе издава лични карти денеска и утре

Министерството за внатрешни работи соопшти дека сите одделенија за управни работи ќе работат и денеска и утре. Сите барања за...

Топ4 часа

Трактор и три возила се судрија кај Струмица

Сообраќајка помеѓу трактор и три возила се случила синоќа на магистралниот пат Струмица-Граничен премин „Ново Село“, на место викано „Леска“. МВР...

Топ4 часа

Сообраќајна несреќа на улица во Скопје, меѓу повредените и деца

Пет лица со повреди биле пренесени во болница по сообраќајна несреќа што се случила вчера на улицата „Кемал Сејфула“ во...

Европа4 часа

Јункер: Постои страв дека ќе дојде до брегзит без договор

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, побара од Велика Британија да го искористи шестмесечното одложување на брегзит за разработка на...

Свет4 часа

Во Египет референдум за продолжување на мандатот на претседателот

Египѓаните на референдум ќе гласаат за амандманите за продолжување на мандатот на претседателот Абдел Фатах ал Сиси. Одлуката за распишување...

Избори 20195 часа

Денеска гласаат затворениците, раселените и немоќните лица

Денеска затворениците, раселените и немоќните лица гласаат на изборите за претседател и на предвремените локални избори што ќе се одржат...

Свет17 часа

Помпео: Русија се меша во изборите во целиот свет

САД ќе продолжат да го осудуваат руското мешање во американските избори и ќе преземат одлучни мерки против злонамерното дејствување на...

Избори 201918 часа

МВР ќе издава лични карти и утре и задутре

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека сите одделенија за управни работи ќе работат в сабота и в недела...

Македонија1 ден

,,Сведочите на рекла-кажала”, Мијалков се обиде да го дискредитира Звонко Костовски

Со поставување вкрстени прашања, ексшефот на тајната полиција Сашо Мијалков се обиде да го дискредитира сведочењето на Звонко Костовски, еден...

Македонија1 ден

(Видео) Јанакиески побарал увид во доказите за крвавиот четврток

Околу триесетина минути траеше распитот на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески во Обвинителството за организиран криминал и...

Македонија1 ден

Револтирана мајка: Син ми доби силна тупаница по главата поради бојата на кожата

Револтирана мајка од Скопје на Фејсбук објави дека нејзиниот 13-годишен син добил тупаница по глава, а претходно бил навредуван на...

Македонија1 ден

Надица се логираше со други имиња за да види што другите гледаат во системот, сведочеше Звонко Костовски

Обвинетата началничка во МВР, Надица Николиќ, на денешното судење за масовното прислушување познато под кодното име „Таргет-Тврдина“ го испрашуваше инженерот...

Крвав четврток1 ден

Јанакиески повикан на распит во обвинителство за крвавиот четврток

Ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, е повикан на распит во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во...

Македонија1 ден

Теренска вакцинација во училиштата против морбили

Медицински персонал денеска ќе тргне по училиштата и теренски ќе ги вакцинира оние што не ја примиле вакцината против морбили....

Европа1 ден

Шпанската полиција спречи терористички напад на џихадистите за Велигден во Севиља

Шпанската полиција, наводно, спречила планиран напад на велигденските поворки во Севиља, при што во Мароко е уапсен еден џихадист, соопшти...

Избори 20192 дена

Дескоска: Ако не се избере претседател, во игра се две опции

Во игра се две опции доколку на претседателските избори не биде постигнат потребниот цензус, изјави министерката за правда, Рената Дескоска....

Македонија2 дена

На интернет објавени четири прислушувани разговори

На интернет пред неколку часа објавени се четири телефонски прислушувани разговори. Зад објавата стои извесен корисник „Илија громовник“, а разговорите се...

Досие