Црна хроника
Малолетна штитеничка го напуштила домот „25 Мај“ откако истепала друга штитеничка

Четиринаесет годишна штитеничка на домот „25 Мај“ го напуштила домот откако претходно физички нападнала друга 12 годишна штитеничка на домот.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Со запаливо средство опожарил патничко возило: кривична пријава против пироман од Скопје

СВР Скопје – Одделението за криминалистички работи Кисела Вода поднесе кривична пријава против Ж.И.(37) од Скопје.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
Имено, по преземени мерки и активности дојдено е до сознание дека на 16.10.2025 на ул.„Народни херои“ во Скопје со запаливо средство предизвикал пожар во патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Д.Н.(38) од Скопје и предизвикал материјална штета од 200.000 денари.
На 20.10.2025 тој е пронајден и лишен од слобода и во службен разговор го признал делото, по што по насоки од јавен обвинител поднесена е пријавата по брза постапка, а од основен кривичен суд одредена му е мерка притвор во траење од осум дена.
Црна хроника
Товарно возило со српски ознаки удрило во објект на Царинската управа: ги оштетил покривот и рампата

Вчера окoлу 15:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на граничен премин Долно Блаце, на излез од паркинг простор од царински терминал, товарно возило „волво“ со приколка со српски национални ознаки, управувано од Ј.Н.(44) од Р.Србија, удрило во објект на царинската управа и оштетило дел од кровот и рампата.
Полицијата информира дека е извршен увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Скопјанка истепана од сестра си

Скопјанка пријавила дека била нападната од нејзината сестра, соопшти полицијата.
Во СВР Скопје вчера во 14:30 часот, 63-годишна жена од Скопје пријавила дека на 17.10.2025 околу 19:30 часот во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба била физички нападната од нејзината сестра С.В..
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.