Црна хроника
Малолетник тешко повреден при пад од мотор
Петнаесетгодишен малолетник од село Бараково е тешко повреден при пад од мотор, во близина на крстосницата за с.Света.
Според информациите, тој изгубил контрола над мопедот „хамачи“ и паднал. За настанот бил известен Јавен обвинител.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со вклучени ротации им го пресекле патот, па ги нападнале – четворица приведени на автопатот Гостивар–Тетово
Четири лица од селото Боговиње се приведени по пријава за физички напад на автопатот Гостивар–Тетово.
Како што информираат од СВР Тетово, на 13 декември 2025 година околу 02:00 часот биле приведени Б.Ш. (24), И.И. (28), А.И. (27) и Ф.И. (24), сите од селото Боговиње, тетовско.
Претходно, во СВР Тетово била пријавена случка што се случила околу 01:00 часот на автопатот Гостивар–Тетово, во близина на клучката Камењане. Според пријавата, додека А.А. (28) од село Пирок управувал патничко возило „БМВ“ со швајцарски национални ознаки, во кое како совозач бил Р.Ј. (28) од истото село, зад нив се движело патничко возило „пасат“ со тетовски регистерски ознаки, управувано од И.И. од Боговиње.
Возачот на „пасатот“ им вклучил светлосни ротации, ги престигнал и им го пресекол патот, по што од возилото излегле приведените лица и физички ги нападнале А.А. и Р.Ј.
Од СВР Тетово соопштуваат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Осумнаесетгодишник нападнат во берберница во Скопје
Осумнаесетгодишниот М.Г. пријавил во полицијата дека бил физички нападнат во берберница во скопското село Стајковци.
Како што информираат од МВР, пријавата била поднесена на 12 декември, а според наводите, нападот се случил два дена претходно, на 10 декември околу 12 часот. М.Г. навел дека бил нападнат од лицата М.М. и Т.М.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Силување, снимање и уцена: Обвинителството поднесе обвинение против едно лице
Обвинителството поднесе обвинение против едно лице поради полов напад и силувањe и уцена.
На 3 декември обвинетиот, спротивно на јасно изразена волја и со примена на сила и закана дека непосредно ќе нападне врз нејзиниот живот и тело, извршил друго полово дејствије врз една оштетена. Ја принудил да влезе во изнајмен апартман, каде сакал да ја присили на сексуални односи. И се заканил со нож дека ќе ја заколе, па и нанел и повреди со ножот на левата нога и слабината. Се јавувал кај неговата сопруга и кај други лица на кои им кажувал дека ќе ја заколе оштетената, држејќи го ножот под нејзиното грло, а потоа и наредил и ја принудил жртвата на други полови дејствија.
Целиот настан го снимил со мобилниот телефон. Два дена подоцна, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, телефонски и се заканил на жената дека видео клипот на кој таа го задоволува ќе го објави на социјалните мрежи и на нејзини пријатели доколку не му даде 2.500 евра. Жртвата пријавила и следниот ден било организирано примопредавање на обележани банкноти. Веднаш откако му ги предала парите, обвинетиот бил уапсен.
Бидејќи се уште постои опасноста од бегство и можноста обвинетиот да го повтори делото, јавниот обвинител достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор.

