Црна хроника
МВР приведе лихвар: давал заем, па наплатувал огромна камата
Полициски службеници од СВР Битола вчера во 17:10 часот во Битола го лишиле од слобода К.С.(50) од Битола поради сомнение за сторено кривично дело „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик. По целосно документирање на настанот, против лицето ќе следува соодветна пријава.
Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, кај него биле пронајдени и одземени повеќе банкноти во различни апоени.
-На 05 февруари 2025 година во СВР Битола, С.К.(45) од Битола пријавил дека во периодот од мај 2024 до февруари 2025 година, К.С. ја искористил неговата тешка имотна состојба и во повеќе наврати му дал пари на заем, а за услугата му наплатувал несразмерна камата. Исто така, на 07.02.2025 во СВР Битола, В.Р.(58) од Битола пријавила дека од октомври 2024 до февруари 2025 година, К.С. ја искористил нејзината тешка имотна состојба и во повеќе наврати ѝ дал пари на заем, а за услугата ѝ наплатувал несразмерна камата, посочуваат од Министерството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

