Црна хроника
Млада скопјанка пронајдена почината во нејзиниот дом
Вчера утрото била пронајдена почината 33-годишна скопјанка во нејзиниот дом.
Според информациите од МВР, На 31.05.2023 во 06.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во семејниот дом била пронајдена почината И.Р.К.(33). Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било предадено за обдукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
86-годишна жена од Виница измамена за 30.000 евра, лажен лекар ја довел во заблуда дека ќерката е повредена
Осумдесет и шестгодишна жена од Виница пријавила дека била жртва на телефонска измама во која останала без 30.000 евра, откако непознато лице ѝ се претставило како лекар од Словенија и ја довело во заблуда дека нејзината ќерка е тешко повредена.
Како што соопштија од ОВР Виница, на 23 јануари 2026 година во 08:50 часот, жената пријавила дека лицето телефонски ја контактирало и ѝ кажало дека нејзината ќерка, која престојувала на привремена работа во Словенија, се здобила со тешки телесни повреди и дека за итна операција била потребна поголема сума пари.
Според пријавеното, таа ги подигнала парите од банка и, согласно упатствата што ги добила, во дворот од семејната куќа ги предала на лице кое дошло да ги преземе.
Откако подоцна стапила во контакт со нејзината ќерка, жената сфатила дека станува збор за измама.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Жена тепала жена по расправија за паркинг на Бит Пазар
Жена од Скопје пријавила дека била физички нападната од друго женско лице по претходно недоразбирање околу користење паркинг простор на подрачјето на Бит Пазар, информираат од СВР Скопје.
Според пријавата, на 23 јануари 2026 година во 22:40 часот во СВР Скопје, М.Е. (48) од Скопје пријавила дека околу 18:30 часот, на паркинг простор на подрачјето на Бит Пазар, била физички нападната од женско лице.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца кичевчани приведени по напад врз полициски службеници
Две лица од Кичево се лишени од слобода откако вербално и физички нападнале полициски службеници при сообраќајна контрола во градот, соопштија од полицијата.
Настанот се случил на 24 јануари 2026 година во 00:15 часот, на крстосницата меѓу улиците „Драге Карбуничанец“ и „Прилепска“ во Кичево, кога полициски службеници сопреле патничко моторно возило бмв, управувано од А.А. (31) од Кичево.
Според пријавата, А.А. (31) и Б.М. (20), исто така од Кичево, најпрвин вербално, а потоа и физички ги нападнале униформираните полициски службеници кои вршеле контрола во патниот сообраќај.
По целосно документирање на настанот, против двете лица ќе биде поднесена соодветна пријава.

