Црна хроника
Мотоциклист падна од мотор, со тешки повреди пренесен во болница

Мотоциклист со тешки повреди беше пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
„На улицата Коце Димов Витамин, Ѓ.Ј.(63) од Велес, управувајќи мотоцикл „баотијан“, со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола над мотоциклот и паднал“, соопшти МВР.
Извршен е увид на местото на настанот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
178 казни за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (30.01.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 178 возачи.
Од нив 21 возило се движело со над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Притоа 88 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 90 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Црна хроника
Приведен бегалец од затвор

На 30.01.2023 на ул.„Гоце Делчев“ во с. Кривогаштани, Прилепско, полициски службеници од СВР Битола – Полициско одделение Кривогаштани го привеле П.М.(36) од с. Кривогаштани.
Тој бил баран по потерница по наредба на Казнено-поправната установа Затвор Прилеп заради бегство од затворот.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на казна затвор во траење од две години и три месеци.
Црна хроника
134 казнети возачи во Скопје, 13 без возачка

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (30.01.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 134 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина седум санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло).
Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, седум санкции за непрописно престигнување и обиколување, три мерки за нерегистрирани возила…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.