Црна хроника
Наместо во изолација, позитивен на Ковид-19 заминал во Германија, казнет е со 2.000 евра
27-годишен жител на Врапчиште, кому од 15 февруари со решение на Државниот санитарен и здравствен инспекторат му била определена задолжителна домашна изолација како лице позитивно на САРС-КОВ-2, на 17 февруари не бил затекнат во својот дом.
Полициските службеници, кои извршиле проверка, констатирале дека заминал во Германија.
Поради ова, Основното јавно обвинителство Гостивар поднело предлог за издавање казнен налог против ова и уште едно лице од истото место за кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија казниви според Кривичниот законик.
Според надлежните, вториот жител на Врапчиште, кој е на возраст од 42 години, не го почитувал полицискиот час и за време на важечката забрана се движел во Гостивар, без да поседува дозвола.
Јавниот обвинител му предложи на Основниот суд Гостивар за двете лица да определи парични казни од 100 дневни глоби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

